Многу истражувања досега докажале дека намалениот внес на калциум ве прави посклони кон дебелеење бидејќи масните клетки побрзо се формираат и стануваат поголеми. Затоа, советуваат научниците, јогуртот треба да биде редовен додаток во исхраната.
Научниците велат дека возрасен човек кој внесува три оброка во кои задолжително има јогурт, за кратко време може да изгуби 22 % од својата телесна тежина. Според истражувањата, луѓето кои пијат јогурт губат за 81 % повеќе масти, отколку луѓето кои не конзумираат редовно јогурт.
Испитувањето било направено на 34 здрави, но гојазни луѓе и истите биле поделени во две групи. Првата група земала три пати дневно по 180 грама безмастен јогурт, обезбедувајќи со тоа околу 1100 милиграма калциум дневно. Втората група пак земала јогурт по еднаш дневно, со тоа обезбедувајќи по 400 милиграма калциум дневно.
Двете групи се хранеле исто, односно по 500 калории помалку од вообичаеното за да се стимулира слабеење. Истражувањето траело 12 недели, а резултатите ја потврдиле очекуваната теза.
Испитаниците кои пиеле јогурт еднаш дневно за 12 недели изгубиле околу 5 килограми, додека оние кои пиеле јогурт трипати дневно за 12 недели изгубиле просечно 6,5 килограми, што јасно ја потврдува улогата на калциумот од јогуртот во слабеењето.
Научниците советуваат со секој оброк да внесувате и по 180 грама безмастен јогурт. Тој ќе ви обезбеди доволно витамин Б и ќе ви помогне во слабеењето, а ќе има само 140 калории.