Секој ден напорно работите, но исто така секој ден го слушате и прашањето од вашите колеги “Што да јадеме денес?”. Ах, тоа прашање што секогаш ве става во мислење. На крајот што одбирате? Се знае, грицки, хамбургер, тост, кифли и сл. Во секој случај грешите.
Секако не грешите доколку ова го јадете еднаш или два пати неделно, но секој ден веќе е проблем. Последиците од ваквата исхрана ќе ги почувствувате за многу краток период. Тогаш што да јадеме? – ова прашање сигурно сега сите си го поставувате. Секако дека треба да разбереме дека не секоја работа дозволува излегување и јадење на чорбести јадења во ресторан и прилагодување на она што сите го знаеме како здрава храна. Сепак ајде да се потрудиме да го смениме она што навистина може да се смени. Како?
Сендвич? Зошто да не, но со што …
Свесни сме дека повеќето од нас денеска се склони кон тоа да употребуваме сува храна, најчесто базирана на сендвичи. Сендвичите се наједноставни, најпрости и најбрзи оброци, а секако се и доста вкусни. Ако треба да се помирите со фактот дека треба да конзумирате сендвичи, тогаш зошто самите да не си ги направите? Придобивката за Вашето здравје ќе биде поголема, а и за вашиот паричник. А што би било идеално за здрав сендвич.
Сирење, или намаз од сирење заедно со неколку парчиња свежо исечен домат, малку зелка или друг зеленчук е одличен начин да направите здрав сендвич, а притоа да се спасите од бомбардирањето на калориите со сендвичите кои ги купувате од сендвичарите.
Соја, или парче пилешко месо, заедно со малку зеленчукова салата, исто така е добар сендвич кој можете да го приготвите дома, а да го изедете на работа притоа чувствувајќи се многу побезгрижни за вашата тежина и вашето здравје.
Утринското кафе нека биде чај…
Утринското кафе на гладно е “бомба” за организамот, тоа треба да го врежите во главата – велат научниците. Но, ако пробате да го замените кафето на гладно со чај, неместо да му наштетите на организамот ќе му помогнете, особено ако изберете да конзумирате зелен чај. Со овој тип на чај ќе:
– Ќе го активирате организамот
– Ќе обезбедите доволно антиоксиданти
– Ќе се расоните
– Ќе си ја подобрите концентрацијата
Ние не сме против конзумирањето на кафе, но утринското кафе испијте го по утринскиот оброк, тогаш до израз ќе дојдат здравствените придобивки на кафето.
Кои оброци секојдневно можете да ги употребувате на работа?
– Пробиотски јогурт
– Вегетаријанска паштета
– Интегрален леб
– Пилешки прсти
– Соја
– Печено пилешко
– Павлака