Храна која е најдобриот лек како заштита од канцер, болести на срцето,мозокот…но, само доколку се конзумира сирова !

Оваа храна делува единствено доколку ја конзумирате во нејзината сирова форма. Редовното конзумирање на оваа храма може да ве заштити од многу болести за кои главен виновник е секојдневниот стрес и нездравиот начин на живот.

Бадемите го штитат срцето

Сировите бадеми содржат масти кои се полезни за човечкиот организам. Бадемите може да помогнат во намалувањето на ЛДЛ (липопротеини со ниска густина), односно “лошиот” холестерол во крвта, а со тоа и го спречуваат процесот на атеросклероза на крвните садови. Доколку бадемите се печат на температура повисока од 170 степени, корисните масти преминуваат во слободни радикали, при што најчесто имаат спротивен ефект, односно можат да го зголемат ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

Брокулата заштитува од канцер

Јадењето на свежа брокула, вклучувајќи го процесот на џвакање, помага во ослободување на една супстанца наречена мирозиназа, која е складирана во клеточниот зид на клетките на брокулата. Мирозиназата, всушност претставува ензим кој го поттикнува црниот дроб да ги метаболизира канцерогените материи. Кај термички обработената брокула, овој ензим се губи . Луѓето кои јадат варена брокула, внесуваат само третина од соединенијата што се значајни во борба против канцерот. Да не заборавиме да напоменеме дека свежата брокула е богат извор на витамин К.

Лукот ја штити ДНА

Џвакањето на свеж лук произведува ДНА-заштитно соединение Алицин. Едноминутната термичка обработка на лукот, доведува до целосно губење на овој ензим, па така кога јадеме готвен лук, ние воопсшто не внесуваме од алицинот.

Свежо цедени сокови

Што е подобро од купен овошен или зеленчуков сок? Секако дека се свежо цедените домашни сокови. Купениот сок е секогаш пастеризиран. Пастеризацијата, не само што ги уништува бактериите и го зачувува сокот, туку ги уништува и многу од витамините, минералите и ензимите, без разлика што ваквите сокови се промовираат како здрави продукти. Понекогаш, самиот процес на нивно добивање вклучува и некои хемикалии и други штетни материи. За среќа, многу е лесно да се направи таков сок во домашни услови.

Солта е преполна со минерали

Солта содржи есенцијални минерали кои се од големо значење за здравјето. При обработка, солта најчесто се загрева на високи температури, при што се користат хемикалии, и тогаш таа ја губи својата примарна вредност. Ваквата сол е штетна и некорисна. Необработената (сирова) сол, како што е на пример Хималајската, е од круцијално значење за одржување на минералниот баланс. Секако, не секоја сол е добра. Голем дел од пакуваната и брзата храна се прополни со изненадувачки големи количини на натриум.

Необработеното какао е храна за мозокот

Какаото претставува богаство од хранливи материи: есенцијални витамини и минерали кои поттикнуваат зголемено лачење на невротрансмитерите и мозочните хемикалии кои се одговорни за доброто расположение. Не е ни чудно што какаото е толку популарно. Готвеното какао губи од својата вредност, дури кога неговите масла и масти ќе се помешаат, какаото може да стане и штетно.

Ферментираната зелка го подобрува варењето

Ферментирана храна помага во одржувањето на нашата цревна флора, но и на целокупното здравје. При готвењето на зелка, или на други зеленчуци, се уништуваат многу од витамините и минералите, и секако, многу од ензимите. Ферментираниот зеленчук полесно се апсорбира во телото кое од него може да искористи многу повеќе хранливи материи. Ферментираната храна создава пробиотици (корисни бактерии) кои му помагаат на нашето тело да се бори против разни болести и го зајакнува имунолошкиот систем.