Домашното готвење може да Ви помогне да ја имате контролата врз внесената сол што за цел би имало подобрување на Вашата исхрана и здравје. Овој совет го препорачува нутриционистот Карина Норис која што додава дека е добро познат фактот дека најголемиот процент на сол во нашите тела се внесува преку преработената (готова) храна.
Поради тоа, се препорачува домашното готвење како начин за намалување на внесот на сол. Исто така, кога купувате скоро подготвена храна, добро внимавајте што пишува на лабелата во однос на содржината на сол и секако кога е тоа возможно, гответе.
Со готвената храна имате контрола на внесот на солта бидејќи точно знаете што содржи јадењето и колку сол му е потребно.
Овие совети и препораки се донесени по публикацијата на истражувањето за употребата на солта во исхраната каде што се истакнува дека едно фабрички подготвено јадење има поголема количина на сол од препорачаните дневни потреби.