Исхраната со сирова храна е всушност начин на живот, во кој 75% од продуктите се јадат сирови, без никаква термичка обработка.
Исхраната со сирова храна има богата историја уште од антиката, но современиот интерес за неа почнува околу 1930 година. Ана Вигмор е првата која препорачува диета со сурова храна за детоксикација на организмот. Експертот на здрава исхрана д-р Херберт Шелтон исто така е меѓу првите приврзаници на исхраната со сирова храна.
Во 80-тите години, диетите со сирова храна биле препорачувани како превенција против различни видови на рак. Во 90-тите години, познатите личности како Деми Мур и Вуди Харелсон отворено ја поддржуваат сировата исхрана, а во 2000 веќе има бум на ресторани за сирова храна, особено во Калифорнија.
Диетата со сирова храна е многу повеќе филозофија и начин на живот, отколку класична диета за слабеење.
Основното правило во исхраната е најмалку 75% од консумираната храна да не поминале низ термичка обработка. Најтврдокорните приврзаници на овој начин на исхрана јадат 100% сирова храна.
Диетата со сирова храна вклучува:
* Свежо овошје и зеленчук
* Семиња
* Ореви
* Зрнеста храна (грашок, зелен грав)
* Непастеризирани овошни и зеленчукови сокови
* Морски алги
* Никулци
* Вода
* Непастеризирано млеко и млечни производи
* Сирови јајца
Иако слабеењето не е главната цел на исхраната со сирова храна, сепак тоа постои. Диетата е сиромашна со масти, протеини и калории. Покрај тоа, сировата храна е природен лек и редовната исхрана штити од многу болести.
Главни предности на исхраната со сирова храна се:
* Слабеење
* Прилив на енергија
* Добро варење
* Силен имунолошки систем
* Подобрена ментална активност и креативност
* Убава кожа
* Намален ризик од кардиоваскуларни болести и рак
Недостатоци: Преминувањето кон ваквиот начин на исхрана на почетокот може да предизвика непријатни симптоми како главоболка, повраќање, депресија и глад, но тоа ќе биде само периодично. Диетата со сирова храна може да доведе, исто така, до недостаток на витамин Б12 и протеини, кои обично се набавуваат преку месото, а Вие потребата од Б витамин преку суплементи.