Дињата претставува одличен извор на витамини, минерали и нутритиенти кои се важни за човековото здравје. Дињата е богата со калиум, витамин Ц, флуориди, фолати, витамин А, бета каротен, лутеин и витамин К.
Други елементи кои можат да се најдат во трагови се: витамин Е, калциум, магнезиум, железо и цинк.
За да се зачуваат виталните минерали и витамини најдобро е да се јаде свежа. Други начини на припрема вклучуваат и употреба во овошни салати или пак како додаток на јадења со риба.
Дињата е одличен извор на бета-каротен, кој се трансформира во витамин А. Витаминот А и бета-каротенот се важни за видот и истражувањата покажале дека го намалува ризикот од катаракта кај жените на возраст од 45-67 години. Друга студија покажала дека честото конзумирање на диња ја намалува инциденцата од операција на катаракта, отколку кај оние кои конзумирале храна богата со масти, путер и сол.
Дињата е и добар извор на витамин Ц, кој функционира како антиоксиданс во човековото тело. Витаминот Ц го помага и имуниот систем и го штити телото од слободните радикали кои можат да предизвикаат штета на мускулното ткиво и клетки. Витаминот Ц го стимулира имуниот систем да се бори против инфекциите зошто има голема антибактериска и антивирусна способност.
Витаминот А кој го има во дињата го штити респираторниот систем и го подобрува функционирањето на белите дробови.
Некои истражувања потврдија дека безопиренот од цигарите може да предизвика недостаток од витамин А што води до зголемен ризик од белодробен рак, но со додавање на витамин А во исхраната овој ризик бил значително намален.
Како дополнување на досега докажаните ефекти и погодности од нутритиентите во дињата, се одвиваат медицински истражувања за да се откријат и другите делотворни потенцијали на ова овошје. Користењето на дињата во вашата исхрана може да му донесе многу бенефити на вашето тело и да го подобри вашето здравје.