Лубеница, извор на здравје

Лубеницата е извор на антиоксиданси, полна е со ликопеноми кои и ја даваат специфичната црвена боја исто како и на доматот.

Карактеристично за неа е тоа што го намалува ризикот за појава на рак на простата. Штити од срцеви заболувања или инфекции на јајниците и матката. Ги прочистува бубрезите бидеќи дури 92% се состои од вода и на тој начин го прочистува и телото целосно.

Богата е со А, Б и Ц витамини, а доколку сакаме да ги зачуваме сите минерали и витамини од неа препорачливо би било да не се чува во фрижидер бидејќи на тој начин тие исчезнуваат. Најдобро би било да се чува на собна температура, но доколку веќе сте ја исекле тогаш пожелно би било да ја чувате во фрижидер.

Во 100гр лубеница има 90% вода околу 6% шеќер, 7 милиграми калциум, 10 милиграми фосфор и само 30 калории.

Уживајте ова лето во прекрасниот вкус на лубеницата.