39% од возрасното население во светот има дијагностициран покачен холестерол во крвта. Голем е и бројот на луѓе кои живеат со покачен холестерол, а не знаат за тоа, сѐ додека не стане премногу доцна.
Покаченото ниво на холестерол во крвта е една од главните причини за појава на кардиоваскуларни заболувања.
Да не се разбереме погрешно, холестеролот му е неопходен на организмот бидејќи:
- Влегува во составот на клетките
- Синтетизира витамин Д3
- Стимулира стероидни хормони и жолчна киселина.
Но, холестеролот природно се синтетизира во организмот, и таа количина е доволна за извршување на овие функции. Тогаш, останува отворено прашањето од каде доаѓа вишокот холестерол?!
Што го покачува холестеролот во крвта?!
Лошата исхрана
Намали со транс и заситените масти! Заситените масти ќе ги најдеш во црвеното месо и во полномасните млечни производи, додека транс мастите се главен дел од секоја преработена храна: кекси, колачиња, крекери. Тука припаѓа и процесираното месо како колбаси, сланина или виршли кои ги зголемуваат вредностите на холестерол, но и ризикот од канцерогени заболувања.
Пржената храна и брза храна е голем минус кога е во прашање холестеролот, а како резултат на недостаток на време, овој тип храна на нога е најлесна опција.
Кога последен пат беше физички активен?
Признај, не вежбаш (доволно)! Умерената физичка активност го зголемува нивото на ХДЛ – добриот холестерол кој ти е потребен за оптимално здравје. 30 минути дневно, 5 дена во неделата е сосем доволна физичка активност која ќе ти помогне да го контролираш нивото на холестерол во крвта.
Цигарите пред сѐ!
Откажувањето од цигарите ти изгледа страшно? Но, срцевиот удар, кардиоваскуларните заболувања кои ти тропаат на врата изгледаат уште пострашно. Јаглеродниот моноксид од цигарите заедно со вишокот холестерол кој се таложи на крвните садови, ги прави вените и артериите крути и протокот на крв скоро невозможен.
Само уште едно парче торта…
Знаеме дека десертите се неодоливи – колачиња, сладолед, торти и по некое чоколадо. Но, огромен дел од нив се пренатрупани со додадени шеќери, нездрави масти и калории. Честата консумација на вакви производи може да доведе до покачување на телесната тежина, па и до покачен холестерол.
Лоша исхрана, нефизичка активност, пушењето, телесната тежина, алкохолот, стресот – ова се најголемите допринесувачи на покачен холестерол во крвта. Редовната контрола на холестеролот во крвта може да спречи посериозни последици од покачениот холестерол. Сериозната и навремена реакција може да те чува далеку од терапија со статини, лекови со голем број несакани последици. Природната алтернатива на статините кои можат да ја завршат истата работа се и состојките како квасец од црвен ориз богат со монаколин К, артичока, лист од маслинка, злеен чај и грчко семе.
Dr. Viton – Holesterid можеш да го купиш во аптеките на Еурофарм, Зегин, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети во DM-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.
Dr. Viton – Holesterid можеш да го нарачаш онлајн на
https://alfalab.mk/proizvodi/dr-viton-holesterid/
Или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот ) и ќе ти го доставиме на твојата домашна адреса со брза пошта.