Трајно решение за надуеноста на стомакот

Надуеноста е честа и многу непријатна појава во стомакот. Последиците можат да бидат различни, вклучувајќи задржување на течности и јаки гасови, што обично може да се реши со природни лекови и промена во начинот на живот.

Задржувањето на течностите може да биде предизвикано од земањето на поголеми количини на сол. Многу од индустриски произведената храна содржи големо количество на сол и други извори на натриум, па затоа секогаш прочитајте ја етикетата со прехранбени состојки.

Намалете го внесувањето на натриум на следниве начини:

  • Избегнувајте преработено месо, како и (како што се сланина, шунка, колбаси и солено говедско месо), коцки за супа, екстракти од квасец, солени стапчиња и слични јадења.
  • Купувајте храна која има малку сол. Барајте леб, житарици, конзервиран и замрзнат зеленчук, путер и разни намази, сосови, туршии и супи кои се со ниски вредности на сол.
  • Не го гответе зеленчукот во солена вода.
  • Не додавајте сол или други производи на основа на натриум кога готвите дома, ниту во чинијата која е пред вас.

    Надуеноста поради проблеми при варењето решете ја со примена на следниве техники:

  • Јадете помалку количински, а почесто во текот на денот.
  • Секое залче добро џвакајте го и внимавајте да не зборувате додека јадете. Силните ензими во устата му помагаат на варењето.
  • Избегнувајте ги газираните пијалоци.
  • Немојте да пиете за време на оброците. Течноста ги разредува желудочните киселини и ензимите за варење, а со тоа се забавува минувањето на храната низ желудникот. Овошјето кое тогаш ќе го изедете ќе ферментира и ќе создаде гасови .
  • Избегнувајте ги јадењата со многу скроб како што се тестенините и компирот, во истиот оброк во кој јадете белковини или овошје.
  • Избегнувајте поголеми количества на мешункаста храна, месо и свеж зеленчук и овошје, бидејќи можат да го зголемат количеството на гасови во цревата.
  • Намалете го количеството на влакна кои ги земате, посебно оние кои не се раствораат како што се пченичните трици.
  • Со секој оброк земајте по малку папаин, препарат од ензими од папаја, кој можете да го набавите во продавниците за здрава храна.
  • Еден ден јадете само рендани јаболка или пире од јаболки и пијте само минерална вода или чај од нане.
  • Следниот ден додајте малку супа од зеленчук или зеленчук подготвен на пареа за ручек и вечера, а во текот на следните два дена ориз и јогурт. Потоа продолжете со нормална и здрава исхрана.