Храна за мозокот

Потхранувањето на мозокот е од витално значење, па затоа ви ги нудиме петте најдобри состојки кои можете да ги најдете на нашиот пазар.

Лосос

Лососот е една од најздравите риби, полна со протеини и омега- 3 масни киселини кои го намалуваат ризикот од било какви срцеви заболувања или оштетувања на невролошкиот систем. Неодамнешните истражувања покажуваат дека почестото користење на лососот го подобрува дури и расположението. Не само што го потхранува мозокот, тој исто така ги намалува и мастите во телото а со тоа и ја одржува линијата. Се приготвува лесно на многу начини, може да го печете, варите или пак испржите, секако е вкусен.

Боровници

Природни антиоксиданси, овие превкусни овошки се моќни антисокиданси, го штитат телотот од Алцхајмерова или Паркинсова болест, го потхрануваат мозокот и ја подобруваат крвната слика.  Тие ги неутрализираат слободните радикали кои ги оштетуваат здравите клетки во организмот. Може да ги најдете во сите отворени пазари или подобро снабдени маркети. Може да ги конзумирате сирово, како додатоци во овошни салати или пак како дел од некој ладен пијалак.

Кафе

Кофеинот не само што е добар за одржување на притисокот туку тој исто ја подобрува нашата меморија и не прави посвесни и активни во тековните активниости. Кафето содржи многу антиоксиданси, исто така го ублажува стресот. Сепак треба да се конзумира во нормални граници како што тоа истото би можело да предизвика срцебиења во прекумерна употреба.

Ореви

Тие не само што се превкусни, богати се со протеини, омега- 3 киселини, Б6, витамин Е кои делуваат одлично на нервниот систем и функцијата на мозокот.

Оревите можат дури и да го спречат развојот на менталните болести како депресијата. Препорачливо би било секое утро да земете 6- 10 оревчиња, за добро утро.

Авокадо

Авокадото е богато со незаситени масти, кои се здрави за срцето и крвниот систем. Кај луѓето со хипертензија се препорачува авокадото затоа што делува за намалување на покачениот притисок како и содржи состојки кои се добредојдени за потхранување на мозокот.