Зошто летото е најдобар период за детоксикација?

Кога нешто ти се случува во организмот, а не знаеш што, најверојатно телото ти сигнализира дека му треба детокс. Наречи го прочистување, наречи го одмор, наречи го воздржување, наречи го како сакаш, но паузирањето од погрешна храна и навики не е нешто ново.

Концептот детокс не е ништо повеќе од чинот на постење што го практикуваат постарите генерации. Можеби постот не го правиме во име на здравјето, но тоа не го менува фактот дека телото успева да се прочисти од сите насобрани токсини.

Денешното темпо на живот и брз начин на исхрана и тоа како треба да подразбира свесен, намерен, планиран пост или детокс.

Дали на твоето тело му треба детокс?

  • Ти паѓа косата
  • Немаш енергија
  • Не си расположен и чувствуваш слабост
  • Никако не успеваш да го симнеш стомакот
  • Кожата ти е без сјај и имаш нагласена пигментација
  • Мозокот ти е како во магла
  • Храната бавно ти се вари и се чувствуваш подуено

Овие сигнали ти ги праќа телото секогаш кога се обидува да ти каже дека му треба пауза.

Човечкиот организам е дизајниран сам да се ослободи од сите насобрани токсини и отрови, а во тоа му помагаат 5-те органи – кожата, белите дробови, црниот дроб, бубрезите и дебелото црево. Но, доволно е еден од нив да подвали во својата функција, благодарение на нашиот погрешен животен стил кој води до натрупување на токсини, за да се отворат вратите на болестите, воспаленијата, болките, пораст на тежината, хормонските и кожните проблеми.

Што се случува ако некој од органите задолжени за детоксикација се запушат?

Ако белите дробови не можат да го протераат јаглеродниот диоксид, се разболуваме. Може да се соочиме со краток здив, недостиг на енергија и срцева аритмија.

Ако црниот дроб не може да излезе на крај со брдото од токсини, ќе забави со работа. Може да се соочиме со покачување на телесната тежина, умор, слабост.

Ако бубрезите не можат да ги филтрираат токсините, во телото ќе настапи електролитен дебаланас, уринарни проблеми, покачени нивоа на креатинин и генерално повисока токсичност во нашиот систем.

Ако цревата се затнат како резултат на запек, во телото ги задржуваме токсичните вишоци повеќе од потребно, а тоа води до стомачни тегоби, гасови, мигрена, слаб имунитет, доминација на естрогенот, слаба мозочна функција.

Ако порите на кожата се затнати од нечистотии, процесот на детоксикација е компромитиран и на кожата се создава почва за развој на бактерии кои водат до воспаленија. Плус, самата кожа ја губи својата свежина и сјај.

Зошто на сите ни е потребна детоксикација?

Детоксикацијата не е резервирана само за оние кои сакаат да слабеат, процесот е клучен за зајакнување на имунитетот. Ослободувањето од насобраните токсини се постигнува со здрава исхрана, спортување, одмор и сон. Нажалост, живееме во високо загадена средина, било да е воздухот што го дишеме, водата што ја пиеме или храната што ја јадеме, несомнено сме изложени на многу токсини. При вакви прилики, не е чудно што организмот не може да постигне сам да се прочисти.

Зошто летото е најдобар период за детоксикација?

Нутриционистите велат дека летото е најпогодно за детоксикација од причина што на телото му е полесно да ја поднесе. Високите температури ја зголемуваат нашата потреба за течности, лесна и свежа храна. Од дуга страна, пазарот изобилува со голем избор на зеленчук и овошје па нема изговори дека нема што да се јаде. Процесот на детоксикација во лето се одвива двојно побрзо отколку во студените месеци во годината, бидејќи потењето е уште еден начин преку кој телото природно се ослободува од токсини. И сосем на крај, летото е вистински мотив за витка фигура, сјајна кожа и енергија.

Како да го забрзате процесот на детоксикација?

Почнете да пиете San Sebastian Spirulina, најмоќниот антиоксидант во светот што ќе ја прочисти секоја една клетка во телото. San Sebastian Spirulina го содржи најефикасниот антиоксидантен сојуз – витамините Ц и Е и минералите како селен, манган, цинк, бакар, железо и хром. Овој сојуз успешно се бори против слободните радикали кои предизвикуваат оксидативен стрес, но и со токсичноста на низа супстанци вклучувајќи ги и лековите. Затоа се препорачува да се пие после силна терапија која прв на удар го има црниот дроб.

Spirulina San Sebastian може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети… во дрогериите на ДМ-дрогерии, Cosmo – Тинекс и во сите подобро снабдени аптеки.
Или нарачајте ONLINE со кликнување на копчетo КУПИ ВЕДНАШ

Повелете со нарачка на 02 3218 821