ОМЕГА-3: СИГУРНА ПОМОШ при отекување на зглобовите

Зглобовите се структури кои поврзуваат две или повеќе коски во телото. Се наоѓаат во стапалата, глуждовите, колената, колковите, рацете и многу други делови на телото. Зглобовите се опкружени и обложени со меки ткива. До отекување на зглобовите доаѓа кога се зголемува количината на течност во ткивата кои се околу зглобовите.

Отекувањето на зглобовите може да биде проследено со болка и вкочанетост. Зафатениот зглоб станува поголем од вообичаено или со неправилна форма. Отекувањето може да биде симптом на хронична состојба, како што е артритис или повреда која бара лекарска помош.

НАЈЧЕСТО ОТЕЧЕНИОТ ЗГЛОБ МОЖЕ ДА БИДЕ СИМПТОМ ЗА ОВИЕ СОСТОЈБИ:

Остеоартритис – може да предизвика отекување на зглобовите што ја носат тежината на телото како колена, колкови, стапала и карлица. Освен болки во зафатениот и отечен зглоб, лицето не се чувствува болно, ниту заморено.

Ревматоиден артритис – предизвикува болни, вкочанети и отечени зглобови. Обично ги напаѓа рацете, стаплата и колената.

Гихт – се појавува одеднаш со силна болка во зглобовите, отоци, топлина и црвенило. Предизвикува толку голема болка и оток на зглобот што дури и тежината на постелнината може да доведе до нелагодност. При гихт, мочната киселина која нормално се наожа во телото, создава кристали кои се таложат во зглобовите, предизвикувајќи оток, болка и воспаление.

Повреда на зглобот – може да предизвика болни, отечени зглобови и вкочанетост. Понекогаш болката во зглобовите може да биде поради повреда на мускулот, тетивата и лигаментот што го опкружуваат зглобот и доаѓа до бурзитис (воспаление на малите кесичкиисполнети со слуз во зглобовите), воспаление и повреда на тетивите на мускулот, исчашување и скршеница.

Ревматоидниот артритис е често хронично заболување при кое доаѓа до воспаление, оток, болка и губење на функцијата на зглобовите, а токму омнега-3 масните киселини се покажале ефикасни во намалување на симптомите.

Студија што траела осум години на жени во Шведска, покажала дека омега-3 масните киселини придонесуваат за 40% намалување на ризикот од развој на ревматоиден артритис. Истовремено се докажало и дека омега-3 масните киселини ги намалуваат штетните последици кај лицата кои веќе боледуваат од оваа болест.

Моќта на омега-3 масните киселини да спречат воспаление ги прават задолжителен додаток кај пациентите со артритис. Омега-3 (ЕПА и ДХА) влијаат на клетките на имунитетот кои се нарекуваат леукоцити и ензими познати како цитокини, кои се клучни актери при воспаленија во телото. Антиинфламаторните ефекти на омега-3 масните киселини може да помогнат во намалување на отоците на зглобовите и болката што се појавува, но и да спречат други болести поврзани со воспаленија, како што се болести на срцето.

Омега-3 масните киселини во комбинација со витамините Д3 и Е се битни поддржувачи при борбата со сите зглобни заболувања.

Dr.Viton OMEGA-3  е достапен во аптеките на: Еурофарм, Виола, Галениум, Бети, и во други подобро снабдени аптеки, а го има и на рафтовите во ДМ-дрогериите и Cosmo – Тинекс!

Нарачај го веднаш онлајн

https://alfalab.mk/proizvodi/dr-viton-omega3/

или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот)

Dr.Viton OMEGA-3  ќе ти го доставиме на твојата домашна адреса со брза пошта!