Апостолките се лоши обувки за вашите стапала

Апостолките, како да се совршени летни обувки : лесни се, генерално не се многу скапи, а нозете уживаат во топлото сонце. За жал, без разлика колку се едноставни и практични, апостолките со себе носат голем број на потенцијални здравствени проблеми. Еве некои причини зошто ова лето, треба да  размислите за тоа каков тип на обувки да носите на плажа.

Сунѓерeстиот ѓон не е никаква подлога за стапалата

Апостолките можат да изгледаат меко и удобно, но стапалата во нив порано или подоцна завршуваат премногу нанапред поаѓајќи од фактот што апостолките не пружаат додатна подлога на глуждот. Таквата позиција на стапалата со времето почнува да создава проблеми со потпетиците, прстите и глуждот на стапалото.

Мускулите и тетивите работат прекувремено

Иако  се доста лесни, факт е дека единственото нешто што ги држи апостолките на вашата нога се ремчињата во облик на буквата „V”,значи дека прстите на ногата мора да бидат згрчени додека одите, поради што мускулите и тетивите работат многу повеќе од обично.

Рамната пета ја напрега Ахиловата тетива

Експертите тврдат дека обувките со благо повишена пета се идеални за здрава Ахилова тетива. Потполно рамните пети им создаваат непотребно напрегање.

Нема поддршка за глуждовите

Носењето на апостолки е главната причина за зголемениот број на истегнување (шинување) на ногата во текот на летото.

Болки во колкот и долниот дел од грбот

Со носење на апостолките подолг период се менува начинот на одење така што постепено ни се скратуваат чекорите, што може да биде погубно за колкот и грбот.

Никаква заштита од камења, кал, стакло или од обувките на другите луѓе

Стапалата во апостолките цело време се изложени на низа опасности, од остри и валкани предмети, поради што драстично се зголемуваат шансите нешто да не исече, нагази или нагмечи.