Хипертензија, причини, фактори на ризик & третмани

Се што треба да знаете за хипертензија
Хипертензијата е уште едно име за висок крвен притисок. Тоа може да доведе до тешки компликации и го зголемува ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар и смрт. Крвниот притисок е силата што ја врши крвта врз ѕидовите на крвните садови. Притисокот зависи од работата што ја вршат срцето и од отпорноста на крвните садови. Медицинските упатства ја дефинираат хипертензијата како крвен притисок поголем од 130 над 80 милиметри жива (mmHg), според упатствата издадени од Американската асоцијација за срце  во ноември 2017 година. Светската здравствена организација (СЗО) сугерира дека растот на преработената прехранбена индустрија влијае на количеството сол во целокупната исхрана во светот и дека ова игра улога во хипертензијата.

Брзи факти за хипертензија:
Нормалниот крвен притисок е 120 над 80 мм жива (mmHg), но хипертензијата е повисока од 130 над 80 mmHg.
Акутните причини за висок крвен притисок вклучуваат стрес, но причина може да биде и болест на бубрези.
Неконтролирана и нетретирана хипертензија може да доведе до срцев удар, мозочен удар и други проблеми.
Факторите на животниот стил се најдобриот начин за решавање на висок крвен притисок.

Третман
Крвниот притисок најдобро се регулира преку исхраната пред да стигне до фаза на хипертензија, но постојат и опции за третман. Прилагодувањата на животниот стил се стандарден третман за хипертензија, како прв чекор.
Редовна физичка активност
Лекарите препорачуваат пациентите со хипертензија да практикуваат барем 30 минути вежбање.  Ова може да вклучува пешачење, џогирање, возење велосипед или пливање  5-7 дена во неделата.
Избегнување стресни ситуации
Избегнување  стрес, или развивање стратегии за управување со неизбежен стрес, може да помогне во контролата на крвниот притисок. Користењето алкохол, дрога, пушење и нездрава храна  за справување со стресот ќе придонесе за хипертензивни проблеми.
Пушењето може да го зголеми крвниот притисок. Откажувањето од цигарите  го намалува ризикот од хипертензија, срцеви состојби и други здравствени проблеми.

Причини
Хроничната бубрежна болест (ХББ) е честа причина за висок крвен притисок, бидејќи бубрезите не ја филтрираат течноста. Овој вишок на течности води до хипертензија.

Фактори на ризик
Возраст:
Хипертензија е почеста кај луѓето на возраст над 60 години. Со возраста, крвниот притисок може постојано да се зголемува, бидејќи артериите стануваат поцврсти и потесни поради зголемување на плактот.
Етничка припадност: Некои етнички групи се повеќе склони кон хипертензија.
Тежина: Преголема телесна тежина или дебелина е клучен фактор на ризик.
Користење на алкохол и цигари:  Редовно консумирање големи количини на алкохол и цигари може да го зголеми крвниот притисок на лицето.
Пол: Доживотниот ризик е ист за мажите и жените, но мажите се повеќе склони кон хипертензија во помлада возраст.
Постоечки здравствени состојби: кардиоваскуларните болести, дијабетесот, хроничната бубрежна болест и високи нивоа на холестерол може да доведат до хипертензија, особено кај постарите.
Други фактори кои придонесуваат за оваа состојба се:
физичка неактивност, преработена и масна храна богата со сол, ниско ниво на калиум во исхраната, употребата на алкохол и тутун, одредени болести и лекови.  Фамилијарна историја на висок крвен притисок и слабо контролиран стрес исто така може да придонесе.

 

Знаци
Крвниот притисок може да се мери со сфигмоманометар или монитор за крвен притисок. Понекогаш сите ние имаме висок крвен притисок во некои ситуации, на пример при вежбање, стрес или нервоза.  Поради оваа причина, дијагнозата на хипертензија вообичаено бара неколку мерења кои покажуваат висок крвен притисок подолг период. Систолното мерење од 130 mmHg се однесува на притисокот додека срцето пумпа крв околу телото. Дијастолното мерење од 80 mmHg се однесува на притисокот додека срцето се релаксира и се дополнува со крв.

Нормален крвен притисок
Систолен mmHg 90-119, и
Дијастолен mmHg 60-79

Хипертензија
Систолен mmHg 120-139, или
Дијастолен mmHg 80-89

Фаза 1 Хипертензија
Систолен mmHg 140-159, или
Дијастолен mmHg 90-99

Фаза 2 Хипертензија
Систолен mmHg над 160, или
Дијастолен mmHg над 100