Постепено губење на видот? Импотенција? Сува & груба кожа? Почнете да се грижите…

Цинкот е уште еден минерал со чудесни здравствени ефекти. Тој помага за правилен раст и развој на организмот, овозможува нормална синтеза на ДНК, го зајакнува имуниот систем, а исто така го убрзува и зараснувањето на раните. Доколку сакате да дознаете нешто повеќе за овој минерал прочитајте што имаме да ви кажеме.

При недостаток на цинк настанува:

  • Чести настинки и инфекции;
  • Сувост и грубост на кожата;
  • Бавно зарастување на раните, како и опаѓање на косата (вклучувајќи ги и веѓите и трепките);
  • Намален апетит и нагло слабеење;
  • Тешко прилагодување на очите на мрак;
  • Апатично однесување, заборавеност и депресивни чувства;
  • Импотенција и неплодност (кај двата пола);

Оние кои имаат недостаток на овој есенцијален елемент можат да консумираат суплементи со додатоци од цинк. Тие особено се препорачуваат во комбинација со витаминот Б6 бидејќи заедно го намалуваат производството на хистамини, резултирајќи со намалени алергиски реакции. Овој силен и моќен антиоксиданс исто така успешно го спречува создавањето слободни радикали во очите, заштитувајќи ги од различни болести.