8 вида зеленчук за зимските денови

Јадењето овошје и зеленчук во сезона, во пролет и лето е многу лесно, но може да се покаже како предизвик кога ќе залади. Сепак некои зеленчуци можат да преживеат на студ, под ќебе. Познати се како зимски зеленчуци поради нивната способност да издржат на ладно и суво време. Дали тоа не ви е доволно??? Што го издржуваат тоа, можете ли да замислите што му прават на организмот во зима?

Шеќерот што се наоѓа во водата на зимскиот зеленчук предизвикува нивно замрзнување на пониска точка, што им овозможува да преживеат во ладно време. Оваа статија прикажува 10 зеленчуци кои мора да ги вклучите во вашата исхрана!

Кељ
Овој лиснат зелен зеленчук опстанува во зимските денови, а воедно е и еден од најздравите зеленчуци. Може да се консумира и да се собере во текот на целата година, но идеалното време за овој зеленчук е дефинитивно зима! Изобилува со расзноврсни хранливи материи, коктел од витамини, минерали, антиоксиданси, влакна и моќни растителни соединенија.

Всушност, 67 грама кељ го содржи дневниот препорачан внес за витамини А, Ц и К. Исто така е богата со Б витамини, калциум, бакар, манган, калиум и магнезиум. Некои студии укажуваат на тоа дека исхраната со флавоноиди може да помогне да се намали ризикот од одредени видови на рак како рак на белите дробови и дебелото цревo.

Прокељ
Како и кељот, така и овој зеленчук спаѓа во групата на бомбастични зелечуци. Иако се толку мали, содржат исклучителна количина на хранливи материи. Тие се одличен извор на витамин К. 156 грама варен зеленчук содржи 137% од дневниот препорачан внес. Витаминот К е клучен за здравјето на коските и срцето и е важен за функцијата на мозокот.

Моркови
Сите добро знаеме кои се придобивките од морковите, иако овој зеленчук се консумира и во лето, сепак за ја поминете зимата здраво, не се двоумете за моркови.  Студените услови предизвикуваат морковите да го претворат складираниот скроб во шеќери за да ја задржат водата во клетките. Затоа тие се толку слатки, како бонбони.

Овој свеж зеленчук, е многу хранлив. Морковите се одличен извор на бета-каротен, кој може да се претвори во витамин А во телото. Еден голем морков (72 грама) содржи 241% од дневниот препорачан внес на витамин А. Витаминот А е од суштинско значење за здравјето на очите и е исто така важен за функцијата на имунитетот и правилниот раст и развој. Некои студии укажуваат на тоа дека исхраната со високо ниво на каротеноиди може особено да помогне во намалувањето на ризикот од одредени видови на рак, вклучувајќи го и рак на простата и дојка.

Блитва
Ниско ниво на калории, а високо на хранливи материи…епа кај го има тоа? 36 грама од овој зеленчук обезбедува само 7 калории, а сепак содржи речиси половина од дневно препорачаната количина на витамин А и го исполнува дневниот препорачан внес на витамин К. Исто така е добар извор на витамин Ц, магнезиум и манган.

Покрај тоа, темно зелените лисја содржат корисни растителни пигменти наречени беталаин. Беталените се покажале дека го намалуваат воспалението во организмот и ја намалуваат оксидацијата на ЛДЛ-холестеролот, една од главните причини за срцева болест. Овој зелен зеленчук е широко употребуван во медитеранската исхрана, која е поврзана со бројни здравствени придобивки, вклучувајќи намалување на срцевите заболувања

Црвена зелка
Сите ние јадеме зелка салата, некој повеќе, некој помалку. Зелената и црвената зелка се искчучително здрави, но црвената сорта има повеќе хранливи материи. 89 грама црвена зелка содржи 85% од дневниот препорачан внес на витамин Ц и високи количини на витамини А и К. Исто така е добар извор на Б витамини, манган и калиум.

Црвената боја од оваа зелка доаѓа од пигменти наречени антоцијани. Антоцијаните припаѓаат на флавоноидното семејство на антиоксиданти, кои се поврзани со голем број здравствени придобивки. Една од овие придобивки е намалување на ризикот од срцеви заболувања.

Магдонос
Многу билки изумираа на студени температури, а магдоносот пак продолжува да цути, дури и низ снег. Овој ароматичен зеленчук е исклучително хранлив. Околу 28 грама е сосема доволно за дневниот потребен внес на витамин К, а повеќе од половина од дневниот препорачан внес на витамин Ц. Полн е со витамин А, фолати, железо, калциум и калиум.

Магдоносот е одличен извор на флавоноиди, вклучувајќи го и апигенот и лутеолинот, кои се растителни соединенија кои имаат многу потенцијални здравствени придобивки. Овие флавоноиди се особено корисни во спречување на губење на меморијата и промени поврзани со мозокот.

Рен
Слични по изглед на моркови, ренот е еден вид зеленчук со бројни уникатни здравствени придобивки. 156 грама варен или свеж рен содржи речиси 6 грама влакна и 34% од дневниот препорачан внес на витамин Ц. Одличен извор на витамини Б и Е, калиум, магнезиум и манган. Ова може да помогне да се забави апсорпцијата на шеќери во крвотокот, што е особено корисно за оние со дијабетес.

Ротквица
Многу луѓе ги потценуваат ротквиците, но нивната содржина на хранливи материи е импресивна. Одлични се за во салата, а 170 грама содржи повеќе од половина од дневниот препорачан внес на витамин Ц и 16% од дневниот препорачан внес на калиум.

Калиумот е од клучно значење за функцијата на срцето и контракцијата на мускулите. Таа, исто така игра клучна улога во контролирањето на крвниот притисок.