Маска за лице од алое вера против непријатните акни

Гелот што се наоѓа во внатрешноста на листовите на алоето се користи за смирување на кожа која е иритирана, или пак при изгореници и други какви било проблеми со кожата, а некои луѓе ја користат за лекување на акни. Антибактериските квалитети на алоето го прават ефикасно и ефективно третирањето на акни.

Употреба за акни
Алое вера кога се користи во комбинација со традиционалните лекови против акни има ветувачки резултати. Ако вашите акни се благи до умерени и сте во потрага по нежен начин за смирување на кожата, обидете се со овие домашни лекови.

Маска за лице од алое вера, мед и цимет 
Алое вера има антибактериски својства кои можат да помогнат во контрола и намалување на бактериите што предизвикуваат акни. Две други состојки кои биле проучувани и го имаат истиот ефект се цимет и мед. Со комбинирање на сите три за третман, ќе уживаш во мазна и нежна кожа без акни.

Начин на употреба:
2 лажици чист мед се меша со 1 лажица чист гел од алое вера. Смесата треба да биде лесна за мешање ама не да тече. Измешајте 1/4 супена лажица цимет пред да ја нанесете маската на лицето и одморете се додека маската ви стои на лице 5-10 минути. Исплакнете темелно по нанесувањето.

Маска од алое вера и сок од лимон
Маската за лице со алое вера и сок од лимон ќе му даде на лицето освежен изглед затоа што овие состојки ги чистат вашите пори и убиваат некои од бактериите кои би можеле да се причинители за вашите акни. Некои клинички испитувања покажаа дека овошните киселини, како оние содржани во сокот од лимон, кои се ефикасни средства за чистење на акните.

Начин на употреба
За оваа маска, користете чист гел од алое вера како основа, додавајќи околу 1/4 лажичка сок од лимон. Ако ви треба повеќе за да ја примените оваа маска рамномерно на вашата кожа, ставете малку повеќе, но внимавајте да не ја иритирате кожата со киселоста на лимонот. Оставете ја мешавината на кожата 5 до 10 минути пред целосно миење.

Креми од алое вера
Кога станува збор за кожа и проблеми со кожа, дефинитивно алое вера е вистинскиот избор. Многу креми и производи за третман против акни вклучуваат алое вера. Алое вера има антиинфламаторни способности кои ја прават популарна состојка во комерцијалните третмани со акни.