Митови и вистини за целулитот – кошмарот на секоја жена

Женското тело е подложно на целулит…за жал, сите жени во одреден период се справувавме со ова досадно и неубаво искуство. Работните навики, гените, физичката неактивност, сето ова придонесува за појава на целулитот. Вистината е дека сам од себе нема никогаш да помине и време е да се потрудиме за нашето тело!

Наместо да чекаме чудо, треба да ги искористиме познатите факти за да го елиминираме или барем да го намалиме целулитот. Едно од средствата кои можеме да ги искористиме против целулитот е правилната исхрана. Но, веднаш да се разјасни дека диетата нема резултати преку ноќ, исхраната во комбинација со вежбање и соодветни креми ќе доведе до максимален ефект. Дури 90% од жените имаат изразен целулит и за да се отстранат од него одат на разни третмани, испробуваат некои домашни трикови, совети и скапи креми. За да ги заштедите вашите пари, време и психа ќе ви откриеме неколку вистини и заблуди за целулитот.

Само дебелите луѓе имаат целулит
Ова не е вистина! Со целулит се соочуваат и најслабите девоки. Поради поврзаноста со хормоналните пореметувања, експертите сметаат дека ова може да биде и генетски поврзан. Жените од исто семејство имаат сличен степен на целулит, без разлика на дебелината. Земете го ова предвид и делувајте на време!

Со вежбање се отстранува целулитот
Целулитот се појавува под површината на кожата додека мастите кои ги согоруваме со вежбање се наоѓаат подлабоко. Сепак ова не значи дека треба да престанете со вежбање…напротив со вежбање само помагате на критичните делови.

Масажи за намалување на целулитот
Ова делумно крие вистина во себе. Обичните масажи не се толку корисни за целулитот, но сепак постојат поагресивни, ендермолошки масажи кои продираат подлабоко во кожата и се исклучително корисни. Оваа механичка масажа ќе го опушти ткивото, ќе ја зголеми циркулацијата и ќе помогне при процесирањето на вишокот вода.

Кафе во борба во целулитот
Кафето не е најефикасната метода при отстранување на целулитот, но помага при отстранувањето на вишокот вода од телото. Истражувањата покажале дека нанесувањето на кафе на кожата го буди метаболизмот за согорување на маснотиите.

Кај некои жени, пилингот од кафе е многу ефикасна метода, а тоа е нашиот предлог за вас!

Целулитот може да се отстрани со липосукција
Овој зафат може да нанесе повеќе штета отколку добро. Докторите не можат да го отстранат целулитот туку можат само слојот маснотија која се наоѓа под него. На прв поглед изгледа подобро по зафатот, но со годините кожата ја губи еластичноста, а дупките кои останале по процедурата ќе станат уште повидливи.

Темниот тен помага во прекривање на целулитот
Во овој мит има нешто вистинито. Потемнетата кожа изгледа попривлечно од светлата, но не заборавајте дека УВ зраците ја стареат кожата поради што по некое време целулитот ќе стане повпечатлив.

Мажите немаат целулит
Според мене, ова е најголемата заблуда за целулитот. Веруваме во тоа дека кожата на мажите е подебела и не се појавува целулит, но не е баш така. И мажите имаат целулит, но во поинаков облик. Освен хормоналните разлики, машките масни клетки имаат поинаква форма и не се зголемуваат лесно, па затоа целулитот е помалку видлив. Ако жените се мачат со бутовите и задникот, кај мажите целулитот се појавува на вратот и стомакот.

Наша препорака: Revuele Fat Burner Cream – Mask.
Слабеење и инстант детоксификација на твоето тело со неодоливата крема, најдобриот избор против масните наслаги на твоето тело. Revuele Slim&Detox – FAT BURNER е најдобриот избор за интензивно слабеење и елиминација на целулитот, СПИЈТЕ и СЛАБЕЈТЕ со Revuele!

Revuele Slim&Detox – кремата е иновативна формула која има повеќекратно дејство:

  • Интензивно слабее додека спиете
  • Ефикасно ги разложува и гори мастите
  • Драстично се намалува целулитот
  • Ја негува кожата и ги намалува стриите
  • Го прочистува организмот од токсини
  • Ја забрзува микро циркулацијата

НАПРАВЕТЕ БРЗА ONLINE НАРАЧКА:
https://alfalab.mk/proizvodi/revuele-green

Направете телефонска нарачка секој работен ден од 8:30 до 15:30 часот.
Телефон за нарачки: 02 3218 821
(Достава до домашна адреса со брза пошта)