Депресија, тага и апатија се карактеристични за почетокот на пролетта. Наеднаш почнуваме да се чувствуваме незадоволно, а причината претежно е непозната.
Разбудете го во себе пролетниот оптимизам со помош на следниве совети:
–Наспијте се. Кога добро ќе се наспиете, веднаш подобро ќе се чувствувате.
– „Храна за душа“-„тешката“ храна го одзема доброто расположение. Потрудете се да консумирате што повеќе свежо овошје и зеленчук, бидејќи тие се богати со минерали и витамини кои му се неопходни на мозокот за создавање на хормон на среќата. За добро расположение се препорачува и чаша добро вино.
–Бои– Различните тонови и бои исто така влијаат на расположението. Затоа одберете облека во весели бои која ќе одговара на вашето расположение.
–Бучава – Посветете внимание на прагот на бучава во вашата животна средина. Најмалку два пати неделно одвојте еден час и најдете место кое ќе ви пружи апсолутен мир.
–Планинарење – Најдобриот пат до добро расположение е планинарењето.
Уште во почетокот на искачувањето светот изгледа поинаку!