Асаи бобинката е цвенкастовиолетово овошје што расте на Асаи палмата од амазонската прашума. Плодовите од ова дрво кое може да порасне и над 15 метри, ги користеле бразилските доморотци уште пред илјадници години. Поради извонредно високата хранлива вредност бобинките секојдневно ги користеле за енергија, за лекување од болести и како поддршка во закрепнувањето.
Исто така, можеби малку изненадувачко е што асаи содржи повеќе грама протеини од јајцето, а во комбинација со омега 3,6 и 9 масните киселини, претставува одличен третман за убавината на кожата, косата и ноктите.
Придобивки ОД АСАИ БОБИНКИТЕ:
ЗДРАВО СРЦЕ – слично на црвеното вино, истражувањата откриваат дека асаи бобинките со нивната висока концентрација на антоцијани имаат способност да го намалат нивото на холестеролот во крвта. Исто така, богати се со растителни стероли кои обезбедуваат кардио-заштитни придобивки за нашите клетки со што овозможуваат спречување на згрутчувањето на крвта, релаксирање на крвните садови и подобрување на вкупната циркулација.
СЛАБЕЕЊЕ – познати како суперхрана, асаи бобинките можат да помогнат не само во слабеењето туку и во одржувањето на здравата тежина. Една интересна студија од Националниот институт за слабеење открива дека асаи бобинките имаат способност да ги намалат ефектите од високото ниво на масти во исхраната.
УБАВА КОЖА & ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕ – во моментов, многу модерни козметички производи се подготвуваат на база на асаи маслото поради високата концентрација на антиоксидаси. Асаи бобинките содржат 10 пати повеќе антиоксиданси од грозјето и двапати повеќе од боровинките. Со својата содржина е водечки извор на фитохемикалии кои го успоруваат и спречуваат стареењето.
ДИГЕСТИВЕН СИСТЕМ – бобинките имаат докажани детоксификациони капацитети поради големата содржина на диетални влакна.
БОРБА ПРОТИВ РАК – асаи има висока концентрација на витамин Ц и елагична киселина, комбинација која игра важна улога во борбата против ракот. Една студија открива дека полифенолните соединенија кои се наоѓаат во асаи бобинките ја намалува клеточната полиферација на ракот за 56-86%. Асаи не е лек за ракот, но повеќе истражувања ги испитуваат бенефитите за потенцијалната улога во борбата против него.
ЕНЕРГИЈА – поради вкупните здравствени придобивки, асаи бери може да доведе до зголемување на општото ниво на енергија и издржливост, и може да помогне во борбата против исцрпеноста и заморот.
ПРИРОДНА ВИЈАГРА – оваа бобинка исто така, се поврзува со целокупното зголемување на циркулацијата на крвта во организмот, феномен кој е поврзан со зголемувањето на сексуалнот нагон, особено кај мажите.