Наликува на човечко тело…Не попусто…Жен шенот е корен на животот

Оваа лековита билка е распространета во источните и централните делови на Азија, каде ја нарекуваат „чудотворен“ корен. Коренот е цилиндричен и наликува на тело од човек, од каде доаѓа и името жен – човек и шен – растение, што значи растение кое е најдобриот пријател на човекот!

Древните ориентални записи, кои потекнуваат од кинеските лекари, ја нарекуваат коренот на оваа билка „билка која лечи се“ и „корен на животот“. Тие тврдат дека го забавуваат процесот на стареење, ја зачувува и враќа физичката и ментална сила. Експертите вообичаено со виталноста и долгиот живот својствени за кинезите ја објаснуваат редовната употреба на овој чудесен корен.

Најчесто се користи за подобрување на виталноста и долговечноста (преку зголемување на крвниот проток и намалување на дегенерацијата на крвниот систем), подобрување на концентрацијата и памтење, како и зголемување на менталната и физичка способност и издржливост. Се препорачува кај рековалесценти, а поволно делува и при депресија, анксиозност и синдром на хроничен замор. Го намалува нивото на стрес кај мажи и жени, правејќи ги способни да се справат со поголемо ниво на физички и емоционален стрес. Го потпомага имуниот систем и овозможува организмот да се бори против инфекции, посебно при цистична фиброза (во комбинација со матичен млеч). Ова лековито растение исто така се препорачува и за:

  • намалување на холестерол, висок крвен притисок и болести на срце;
  • намалување на нивото на глукоза во крвта при дијабетес;
  • треман на канцер и хепатитис Ц за подобрување на имунитетот;
  • ублажување на симптомите при менопауза;
  • еректилна дисфункција и предвремена ејакулација кај мажи – како афродизијак по што и одамна e познат.