Како најлесно да провериш дали ти се исцрпени резервите на магнезиум во телото

Често се мачиш со главоболки или ти се јавуваат грчеви во прстите и дланките? Но, те фаќа и криза за чоколадо, па мислиш дека можеш да го јадеш по цели денови? А, потоа на крајот од денот тешко заспиваш и се превртуваш по креветот?

На се ќе помислиш, но тешко дека ќе ти текне дека во твојот организам ниско е нивото на некој минерал. Овие се типични сигнали од телото со кои ти кажува дека му недостасува магнезиум. 

Како еден минерал може да предизвика толку различни состојби на телото?

Магнезиумот е од суштинско значење за повеќе од 300 различни ензимски процеси во твоето тело. Тој има улога во безброј телесни функции како што се срцето, движењето на мускулите или создавањето на хормони. Со оглед на тоа што магнезиумот е вклучен во толку многу процеси во твоето тело, може да предизвика исто толку многу проблеми!

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИТЕ СИМПТОМИ ДЕКА ТЕЛОТО ТИ СЕ БОРИ СО НЕДОСТАТОК НА МАГНЕЗИУМ: 

Грчеви во мускулите

Главен виновник за грчеви во мускулите е недостатокот на магнезиум во нашето тело.  Овој проблем е уште почест отколку што можеш да замислиш благодарение на нашето општество зависно од кафе. Диуретиците како што се кафето, чајот може брзо да ги уништат нашите минерални количества. 

Желба за чоколадо

Но, зошто твоето тело бара чоколадо во неограничени количини? Темното чоколадо всушност е одличен извор на магнезиум. Содржи околу 24% од вашите дневни потреби во само еден ред (од темно чоколадо)! Значи, ако твоето тело има голема потреба од чоколадо, тоа значи дека имаш недостаток на магнезиум. Направете си услуга и прескокнете ги слатките бидејќи и самите знаете дека не се баш најздрав избор. Магнезиумот ќе ја намали твојата неконтролирана желба за чоколадо, а вооедно и ќе ти даде енергија многу повеќе од една коцка чоколадо!

Анксиозност

Дали се чувствуваш вознемирено во нормални услови? Ако е така, знај дека не си единствен. Анксиозноста е една од најчестите здравствени проблеми на модерното време. Всушност, една од најчестите симптоми на недостаток на магнезиум е честата вознемиреност.

Д-р Марк Химан, меѓународно признат лидер во здравјето, вели дека „магнезиумот е минерал за релаксација“. Анксиозност, непотребна нервоза, честата промена на расположението, сето тоа е знак за недостаток на магнезиум во твоето тело. Треба да размислиш за зголемување на нивото на магнезиум во твојата исхрана доколку имаш некој од овие симптоми.

Несоница или проблеми со спиењe

Ако имаш проблеми со спиењето, страдаш од несоница, тоа веројатно е знак дека имаш недостаток на магнезиум.  Всушност, дури и мал недостаток на магнезиум може да го спречи релаксирањето на мозокот во текот на ноќта. Ова е затоа што магнезиумот игра клучна улога во централниот нервен систем. Идеално, со враќање на нивото на магнезиум во нормала ќе можеш да добиеш мирен и лесен сон.

Запек

Ја забележа врската помеѓу магнезиумот и релаксацијата, така? Релаксирачкиот ефект на магнезиум важи и за дигестивниот тракт. Кога твоето тело има недостаток на магнезиум, твоите црева имаат тенденција да се стегаат. Како резултат на тоа, потешко е да помине отпадот, што пак може да доведе до запек.

Но, магнезиумот не е важен само за релаксација на цревата, туку исто така ја повлекува водата од твоите црева која овозможува отпадот полесно да се поместува. Што ако мораш да се спуштиш по лизгалка со вода, ама без вода? Е тоа му се случува на твојот дигестивен тракт! Магнезиумот носи брзо олеснување од сите маки БУКВАЛНО!

Главоболки и мигрена

Кога имаш главоболка или мигрена што правиш? Земаш силни лекови против главоболка и пробуваш да си најдеш мир! Повеќето главоболки или мигрена се резултат на констрикција или тензија. Тензичните главоболки, на пример, се резултат на напнати мускули во горниот дел од грбот, рамената или вратот – овие често се сметаат за мигрени. Истражувањата покажале дека луѓето што искусуваат мигрена често имаат пониско ниво на магнезиум во споредба со оние кои не доживуваат мигрена. Враќањето на нивото на магнезиум може да резултира со долгорочно ослободување од мигрена или главоболка.

Неправилно отчукување на срцето

Бидејќи твоето срце е исто така мускул, кога немаш доволно магнезиум, твоето срце се бори да одржи нормален ритам на контракција и релаксација. Ова може да предизвика неправилни отчукувања на срцето или како што докторите  го нарекуваат аритмија. 

Dr.Viton – Magnezan B6 е тоа што ти е потребно доколку се препозна во еден од овие симптоми.

Dr.Viton – Magnezan B6 го доведува во баланс и правилно функционирање не само нервниот, туку и кардиоваскуларниот и мускулниот систем.  Магнезиумот е неизоставен дел од структурата на нуклеинските киселини, а со од тоа зависи и работата на клетките. Одлично влијае врз релаксација на нервните клетки, а со тоа и на сонот, раздразливоста и анксиозноста. Витаминот Б6 е многунаменскиот витамин кој учествува во ензимските системи неопходни за метаболизирање на аминокиселините, мастите и јаглехидратите, во синтезата на на невротрансмитерите кои се главните преносители на сите сигнали до мозокот. Благодарение на витаминот Б6, магнезиумот во телото се апсорбира за 40% побрзо и поефикасно!

Не дозволувај испрените количини магнезиум да те исцрпат и тебе. За лесен, среќен и живот без стрес ти треба само Dr.Viton – Magnezan B6!

 

Одбери Dr. Viton – Magnezan B6

Dr. Viton – Magnezan B6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6

Dr. Viton – Magnezan B6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на dm и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)