Уживајте во сончевиот витамин дури и кога нема сонце

Витаминот Д се добива со изложеност на сонце. Меѓутоа, она што е интересно, е дека и покрај неговата лесна достапност, сепак половината од жителите на светот имаат недостаток од овој витамин. Тој има витална функција за одржување на целокупното здравје и благосостојба на организмот. Витаминот Д3 е важен и одговорен за здрави и силни коски и неговиот недостаток води до послаба апсорпција на калциумот, што пак води до појава на рахитис кај децата  и остеопороза кај возрасните. Во поново време е утврдено дека недостаток на витаминот Д3 води и до други болести како што се болести на срцето и крвните садови, до шеќерна болест, автоимуни болести, до Алцхајмерова болест и склероза мултиплекс. 

Знаци на недостаток на витамин Д3

Доколку се соочувате со сува кожа и кршлива коса, слабост во мускулите,  замор и чувство на недостаток на сила, депресија и нерасположеност, поспаност, мрзливост, болки во коските и бавно заздравување на рани, тогаш дефинитивно треба да земете поголемо количество на витамин Д3. 

Како да се спречи недостаток на витамин Д3?
За среќа, недостатокот на витамин Д3 во организмот е релативно лесно да се надомести. Покрај изложеноста на сончева светлина каде внимателноста е многу значајна од аспект на штетност на ултравиолетовите зраци и времето на изложеност, постојат соодветни додатоци во исхраната или познати како суплементи, чијашто дневна доза зависи од возраста. Недостатокот на овој витамин е поврзан со многу болести кои би можело да се спречат со внесување на витамин Д3.