Темни подочници и уморен изглед? Тоа не си ти!

Како што поминува есента, така се движиме помалку, јадеме еднолична храна која не е свежа и сето тоа влијае на нашата кожа. Доволно е да се погледнеме во огледало и да ги забелижиме темните кругови под очите. Тоа е дефинитивно причината за уморен и постар изглед.
Кожата под очите е исклучително тенка и нежна и тоа го прави видливо сето она што се случува во овие области на лицето. Ги забележуваме обично по спиење, кои се должат на недостаток на кислород и собирање на крвта на едно место. Причините за подочниците се различни, тие може да се резултат на ненаспаност, алергиски реакции, изложеност на сонце, начин на исхрана, но често се должи на недостаток на витамини. 

Маска од витамин Ц – природен „чистач“ на подочниците
Многу луѓе се одлучуваат за маската за очи од витамин Ц, бидејќи витаминот Ц е сосема природен, без хемикалии. И дава еластичност на кожата, го обновува поткожното масно ткиво и сјајот на кожата, со што подарува здрав и свеж изглед.

Витаминот Ц овозможува изедначување на кожата и го заздравува пределот околу очите. Уморниот изглед повеќе не е Ваша одлика, сега уживајте во помлад и енергичен изглед.