Магнезиумот е четвртиот најзастапен минерал во човековиот организам и за секој орган да функционира, потребен е магнезиум. Колку и да се храните правилно, не можете да ја внесете потребната количина на магнезиумот, бидејќи не е важно само внесување на минералот, туку како го внесувате. Хелираниот магнезиум е најдобрата достапна варијанта. Многубројни се придобивките од овој минерал, но денеска ќе ги наведеме најважните 5.
Магнезиумот и срцето
Мал недостаток на магнезиум може да доведе до појава на различни болести на срцето. Меѓутоа, голем недостаток од магнезиум може да доведе до инфаркт.
Познато е дека лецитинот го регулира холестеролот во организмот, а тој во организмот се создава под дејство на фермент кој го содржи витаминот В6, кој пак се активира исклучиво само под дејство на магнезиумот. Кај лица кои се болни од срцеви болести по неколку месеци редовно внесување магнезиум болките во срцето се намалуваат.
Заштитник на мозокот
Хелираниот магнезиум помага при пробивање на бариерите од крв кои настануваат во мозокот. Има позитивен ефект врз функцијата на мозокот, ја подобрува концентрацијата и краткотрајната и долготрајната меморија. Учењето веќе нема да претставува мака.
Го намалува ризикот од дијабетес
Една од најголемите грижи на денешницава е ширењето на дијабетесот. Повеќе не е само проблем на Западот, туку стана главна тема и кај нас. Минералот ја зголемува чувствителноста на инсулин, што има потенцијал да го намали ризикот за развој на дијабетес. Додатокот на магнезиум во исхраната придонесува кон намалување на случаите на дијабетес. А пак дијабетичарите имаат поголема контрола врз гликозата
Хелираниот магнезиум помага при мигрена
Ако страдате од мигрена, знаете каква болка е тоа. Луѓето кои страдаат од мигренални главоболки имаат пониски нивоа на магнезиум во организмот од оние кои редовно консумираат.
ПМС – „смрт“ за секоја жена
Симптомите на ПМС и предменструалните болки навистина знаат да бидат неподносливи. Недостаток на магнезиум може да предизвика главоболки и грчеви. Со правилно и редовно внесување на магнезиум овие симптоми значително се подобруваат.