Ги сакате јаболката? И тие ве сакаат…а особено вашата кожа

Но не обичните јаболка…Есента е совршено време за консумирање јаболка во секаков облик. Пита од јаболка? свежо јаболко? чај од јаболко и цимет? штрудла со јаболка?Сте помислиле ли на јаболките кога станува збор за негата на вашата кожа? Да, тоа е возможно… благодарение на матичните клетки од плодовите на ретките швајцарски јаболка.

Серум од матични клетки од швајцарско јаболко – регенерација на кожата
Како што старееме, eпидермалните матични клетки потребни за создавање здрава нова кожа се значително намалени и функционираат помалку ефикасно. Матичните клетки од швајцарското јаболко ја обновуваат и регенерираат кожата. Низ годините се користат различни третмани против брчки, стареење на кожата, регенерација и слично, матичните клетки од ова јаболка покажаа најголем пробив.

Матичните клетки на швајцарските јаболка се способни за обновување на кожата, не дозволувајќи и да остаре. Тие исто така не дозволуваат да се појават грозните брчки на нашето лице. Клиничките испитувања покажуваат дека овие уникатни клетки ја зголемуваат долговечноста на клетките на кожата, што резултира со кожа која има младешки изглед кој зрачи. Матичните клетки се издвојуваат при што поминуваат во процес на прерабитка за на крај да се добие серум. Вистинскиот ефект се постигнува со користење на серумот од матични клетки на швајцарското јаболко.