Испитувањето е направено врз 2600 деца.
Децата кои јадат по еден банана дневно, се помалку изложени на ризик од напади на астма, соопшти УПИ.
Научниците од Лондонскиот Кралски Колеџ, ги анализирале податоците за начинот на исхрана на 2600 деца на возраст од 5 до 10 години, по што кај децата биле забележувани симптомите на манифестација на астма. Резултатите покажуваат дека еден банана дневно го намалува ризикот од астма и симптомите како визингот за 34%.
Уште поефикасен е јаболковиот сок. Само една чаша дневно го намалува ризикот од напади на астма за 47%.
Друго истражување покажало дека децата кои користат недоволно целулозни влакна, се повеќе загрозени од респираторни проблеми поради пасивното пушење, информира МИА.