Чоколадирани банани на стапче

Вкусен десерт кој се подготвува за само неколку минути. Вкусните банани пред да ги пресечете на половина ставете ги малку во замрзнувач, а потоа набодете ги на стапчиња од сладолед .

Во микробранова растопете чоколадо во огноотпорен сад. Со чоколадото полејте ги бананите по целата нивна површина и украсете ги со шарени чоколадни бомбони додека чоколадото е сеуште топло. Откако убаво ќе ги украсите бананите со чоколадни бомбони повторни вратете ги неколку минути во замрзнувач.

chokoladirani banani
Вистинско чоко-банана уживање и за мали & за големи деца
  😉