Мангото е овошје кое многумина го сметаат за свето, токму поради тоа што будистите веруваат дека Буда доживеал просветлување седејќи точно под ова дрво.
Мангото е тропско овошје познато како тропска праска, а неговиот вкус претставува еден вид на коктел од вкусови од портокал, праска и ананас. Жителите на тропските предели најдобро знаат колку мангото е здраво и вкусно.
Мангото има големина на круша, слатко е и вкусно, а бојата се менува од жолта до виолетова. Недоволно зрелите плодови се користат во солени јадења, додека зрелите во слатките јадења.
Мангото е богато со многу витамини, најмногу витамини Б,Ц, Е и К, а освен тоа содржи и калиум, бакар и растителни влакна. Мангото освен што е благодет за кожата е одличен регулатор на дигестивниот систем, односно помага во варењето и апсорбирањето на храната.
Мангото има многу антиоксиданти и супстанци кои се здрави за организамот. За мангото е докажано дека има и особен ефект врз кожата т.е ја прави здрава, нежна и мека. За жал на нашите простори многу ретко се користи ова овошје иако може да биде достапно во сите четири сезони од годината.