Ослабете со советите на д-р Оз (3дел)

Без разлика на тоа колку и да се трудите никако да успеете да се ослободите од вишокот килограми? Ако веќе сте уморни од неуспешни диети и фрустрациите поради тоа, популарниот д-р Мехмет Оз има решение за вас!

Низ годините на искуство, тој има собрано едноставни совети кои навистина помагаат во губење на тежината. И најдобриот дел – нема строги диети.

За некои, сите знаеме добро, па затоа не треба многу да се објаснуваат: погрижете се доволно да спиете (најмалку 7 часа дневно), кога сте гладни пијте повеќе вода, можно е да сте жедни, а не гладни, не се’ изгладнувајте, не се откажувајте, ако еднаш сте подлегнале, не јадете во исто време додека гледате телевизија или читате, користете помали чинии, секој ден движете се колку што е можно повеќе.

Ова се „трик“ советите на д-р Оз кои многу ќе ви помогнат во борбата со килограмите:

Вдишете ванила

Добро е познато дека различни вкусови и мириси имаат големо влијание врз човечкиот мозок, а мирисот на ванила може да помогне да се спречи желбата за слатки. Земете свеќичка со мирис на ванила или нанесете лосион наутро со мирис на ванила и тоа ќе ви помогне да се спротивставите на желбата за слатки.

Мијте ги забите

Трикот е во пастата од пеперминт. Овој вкус докажано го намалува апетитот. Покрај тоа миењето на забите му испраќа сигнал на мозокот дека сте готови со јадење, па нема многу да ја чувствувате гладта.

Луто за  појадок

Се вели дека појадокот е најважниот оброк во денот, па еве уште еден совет: кога ќе јадете луто за појадок, вашиот апетит ќе биде помал за ручек, според д-р Оз. Вкусот на лутите пиперки влијае на центарот за ситост во мозокот, па подоцна нема да бидете толку гладни. Што е советот од д-р Оз? Исецкајте црвена лута пиперка во омлет или јадете ја во салата.

Јадете пред главното јадење

Мајка ми беше во право, јадењето пред ручек навистина ќе ви го расипе вашиот апетит, вели д-р Оз. Сепак, кога станува збор за губење на тежината, тоа може да е во ваша корист. Како мезе, јадете малку, да речеме петнаесет бадеми, лешници или некое овошје, половина час пред ручекот. Тоа може да ви помогне да се чувствувате сити и не јадете многу за ручек или вечера. Ова јадење пред главното јадење може да помогне на друг начин, вели д-р Оз, бидејќи  помага за регулирање на хормонот грелин. Грелинот е причина за кого желудникот почнува да крчи. Колку повеќе грелин е произведено од страна на желудникот и цревата, толку повеќе ќе бидете гладни и со поголема веројатност да се прејадете. Нивото на грелинот почнува да опаѓа кога ќе почнете да јадете и се враќа во нормала околу половина час откако ќе јадете Дали ја гледате логиката тука? Почнете да го намалувате нивото на грелинот пред јадењето, па ќе се чувствувате сити уште претходно и ќе јадете помалку, вели д-р Оз.