Како повторно да се зближите со партнерот?

Секојдневните пренатрупани агенди, забрзаното темпо на живеење честопати резултира со постепено оддалечување од вашиот партнер, без разлика дали се работи за оддалечување во бракот или врската. Дополнително на се тоа влијае и честите расправиии, кои се како јагодка на шлагот.

Негувајте ја врската или бракот следејќи ги овие чекори:

 

Легнувајте си заедно

Нека ова ви стане ваш ритуал, со самото тоа ќе направите пријатна и романтична атмосфера споделувајќи си повеќи нежности. Доколку сте во можност гледајте барем три пати неделно да си легнувате заедно постепено ќе се доближите.

Забавувајте се заедно

На почетокот на врската го правевте тоа ? Зошта да не почнете од почеток, само така ќе го добиете она чувство кое сте го имале порано, излезете, спремете се и заблескајте некаде заедно. Лудувајте како и порано, тоа ќе ви врати стари чувства.

Држете се за рака

Држењето за раце ќе ве спои уште повеќе тоа е симбол на интимност и поврзаност, воедно ќе се зголеми чувството на доверба и сигурност дека имате некој покрај вас.

Секс

Практикувајте го почесто! Звучи логично но тоа е така, сексот е темел за една успешна врска, само така може да опстои врската помеѓу партнерите. Затоа практикувајте го и уживајте, препуштете се на вашите фантазии кои ќе ве доведат до друго ниво.

Градете ја довербата

Проблемите, тајните и секојдневните случување споделувајте ги меѓусебно, бидете отворени за да го очекувате итото и од него. Чувањето на тајните ќе ве оддалечи