Како стареете, така и способноста на вашиот организам за апсорбција на витаминот Б12 забавува, 4 од 100 жени на возраст од 40-59 години имаат недостаток на витамин Б12. Но староста не е единствената причина, не конзумирање месо, земање одредени лекарства придонесуваат за намалување на Б12 витаминот во вашето тело. Постојат бројни симптоми поради недостаток на овој витамин – од интензивен умор до заматен вид. Доколку некои од овие симптоми ви звучат познато обратете се кај Вашиот лекар и направете испитување на крвната слика да ги проверите нивоата на витаминот Б12. Ако имате недостаток на овој витамин, конзумацијата на суплементи може да ви помогне.
Во продолжение се следните 7 знаци дека имате недостаток на витамин Б12.
ЕДВАЈ СТЕ БУДНИ ПОПЛАДНЕ – И ПОКРАЈ СОНОТ ОД ОСУМ ЧАСА
Уморот е еден од првите знаци на недостаток на витамин Б12. Ова е бидејќи телото се потпира на овој витамин при стварање на црвени крвни зрнца, кои пренесуваат кислород на органите. А помалото количество кислород во клетките ве прави поуморни без оглед колку и да сте спиеле.
ИМАТЕ НЕВООБИЧАЕНИ СЕНЗАЦИИ
Чувство како електрична струја да ви поминува низ целото тело, вкочанетост и како боцкање по телото со игли.. Овие чудни сензации се како резултат на нервни оштетувања кои се предизвикани од слабото ниво на кислород во клетките.
ГИ СТАВАТЕ КЛУЧЕВИТЕ ВО ФРИЖИДЕР
Или можеби се помислувате подолго кое е името на вашиот внук. Мислите дека е рана деменција, но најчето причината е недостаток на витаминот Б12. Но ова може да се излечи со земање суплемент витамин Б12.
ИМАТЕ ЧУВСТВО НА ЛЕСНА ВРТОГЛАВИЦА И РАЗНИШАНОСТ
Доколку имате чуство на вртоглавица само по искачување на скали најверојатно имате недостаток на витамин Б12.
БЛЕДИ СТЕ
Ако нормалниот розевкаст тен сега има жолтеникава нијанса, ниското ниво на витамин Б12 може да е причината. Со недостатокот на витамин Б12 црвените крвни зрнца се лесно кршливи при што предизвикуваат да се ослободува пигментот билирубин кој е одговорен за жолтеникавиот изглед на вашата кожа.
ВЕ ВОЗНЕМИРУВААТ И ЗАГРИЖУВААТ И НАЈМАЛИ РАБОТИ
Дали се чувствувате анксиозно и нерасположено? Недостатокот на витаминот Б12 влијае на вашето расположение кое може да довде до анксиознот и депресија. Можно е ова да се должи на тоа дека витаминот Б12 е одговорен за синтеза на хемиските процеси во мозокот како за допаминот и серотонинот кои помагаат во регулирањето на расположението.
НЕШТО СЕ СЛУЧУВА СО ВАШИТЕ ОЧИ
Во екстремни случаи недостатокот на витаминот Б12 може да доводе до оштетување на оптичкиот нерв или да направи проблем со протокот на крвта во крвните садови во ретината предивикувајќи заматен вид, двоен вид, осетливост на светлина, па дури и губење на видот. Прв симптом за оштетување на ретината може да е гледање сенка/сенки кои го заматуваат видното поле. Доколку ова со вас е случај веднаш направете проверка на нивото на витамин Б12. Недостатокот може да се излечи со конзумирање на суплементи Б12.