Доколку имаме редовен сон и редовно ведро и оптимистичко расположение, имаме големи шанси да доживееме длабока старост – тврдат лекарите. Во прилог ви приложуваме неколку интересни факти кои веруваме дека ќе ве заинтересираат. –
Спиење 7-8 часа дневно е најздраво
Спиењето по седум до осум часа дневно е најздраво за Вашето тело. Доколку редовно спиете по 7-8 часа имате помали шанси за да заболите од разни болести, ќе имате здрав и стабилен имунитет и намален ризик од деменција.
Малку сон преку ден е здраво
Дали и вие се вбројувате во луѓето кои имаат навика да дремнат малку во текот на денот? Доколку не се претера, тоа е здраво. Од триесет до шеесет минути сон преку ден го намалува ризикот од коронарни срцеви болести до 40 %.
Прекумерното спиење не е здраво
Да, неколкупати спомнавме дека спиењето редовно и доволно долго е здраво, но без претерување. Доколку спиете повеќе од 9 часа дневно тоа не се вбројува во здрави навики.
Оптимизамот – силен сојузник на здравјето
Оптимистите живеат за 19 % подолго од песимистите. Зошто? Затоа што помалку се изложуваат на непотребни стресови и нервози за разлика од песимистите. Според некои научници веројатноста дека ќе умрете од срцев удар е три пати помала доколку умствено не се грижите по ова прашање.