Менопаузата е природен дел од женскиот животен циклус. Кога една жена поминува низ менопауза, нејзиниот менструален циклус завршува и оваа жена веќе не може да забремени природно .
Додека менопаузата е предизвик и физички и психички, многу жени подготвени го дочекуваат новиот начин на живот кој менопаузата го носи, без грижи од несакана бременост и дополнителни одговорности кои ги носи одговорноста за одгледување на бебиња. Менопаузата се јавува во просек на 51 години кај непушачите, во 49 кај пушачи, а вообичаен период во кој се случува е 47-55 години .
Менопаузата почнува кога јајниците не произведуваат повеќе јајце клетки. Производството на женски хормони опаѓа најмногу во овој период. Хормоните се хемикалии кои ги создаваат органите на ендокриниот систем на жлезди. Овие хемикалии доаѓаат преку крвотокот до другите органи и влијаат на одредени процеси во органите и на целиот организам. Во јајниците се произведуваат два хормони – естроген и прогестерон, кои го регулираат женскиот менструален циклус.
Како што жената се приближува до средната возраст, нивото на естроген почнува да опаѓа. Репродуктивните органи постепено се затвораат како што постепено се активираат за време на пубертетот. Многу жени ќе забележат дека крварењето во текот на менструалниот циклус е посветло, циклусот е пократок и на крајот циклусот ќе заврши.
Менопаузата може да трае од една до десет години и за тоа време нивото на хормоните може да варира. Неколку месеци, може да имате менструација, па неколку месеци може ќе немате. Во текот на овој период, бидете внимателни, сеуште можете да забремените .
Менопаузата обично се случува постепено со текот на времето. Таа може да се случи и одеднаш во случај на отстранување на јајниците, радијација или хемотерапија, или нарушување на жлездите поради ненадејна болест .