Фстаци, здрави & вкусни

Покрај тоа што се вкусни, фстаците помагаат во одржување на срцето и губењето на тежината, велат експертите. Зелените јаткастиста плодови се многу хранливи и содржат многу малку калории, а сепак се богат извор на протеини, што придонесува за подобрување на здравјето на срцето и крвните садови.

Резултатите од една британска студија покажаа дека грицкањето на фстаци е всушност здрава ужинка која не содржи штетни масти истовремено го забрзува процесот на губење на тежината. Иако многу експерти советуваат со децении дека треба да се отфрлат оревите и ф’стаци додека сме на диета. Овие тврдења се поништени со новите истражувања спроведени на оваа тема каде што резултатите покажуваат дека тие се здрави грицки кои не содржат штетни масти .

Затоа слободнo грицкајте и уживајте во благoдетите на фстаците.