Помогнете му на „блокираниот“ желудник

Желудникот не поднесува стрес, алкохол, пушење, премногу обилни, пресолени оброци и индустриска храна, бидејќи  го отежнуваат неговото функционирање и предизвикуваат проблеми. Затоа, пред се, потребно е да се елиминираат овие фактори и да се сменат навиките во исхраната, а доколку од време на време си дозволите себеси малку опуштање и се препуштите на хедонизмот, применете  ги овие практични совети кои ќе ги решат дигестивните проблеми.

Ублажете ги последиците на стресот

Кога и да сте во можност, издвојте време за себе и поминете го во пријатно опкружување, прошетки, читање, во разговор со саканите личности. Ќе ви помогнат чаевите и тинктурите од лаванда, босилек, хмељ, маточник, нане, валеријана и кантарион, кои имаат смирувачко дејство.

„Одморете“ го желудникот

Доколку почувствувате дигестивни проблеми, не внесувајте веќе храна и дозволете му на желудникот малку да се „одмори“, потрудете се да издржите барем четири-пет часа без јадење. За тоа време, консумирајте чаеви за ублажување на проблемите и задолжително пијте ги во мали голтки.

Масирајте го стомакот

Со нежни кружни движења во правец на стрелката на часовникот, масирајте го стомакот околу пет минути. На тој начин ќе го придвижите и забрзате движењето на храната низ дигестивниот систем и ќе ги олесните проблемите со варењето.

Топли оброци

Загревањето на стомакот со шише топла вода или термофорот, проверен лек е за ублажување на желудочните проблеми. Се препорачува и облога од камилица кој се прави на следниот начин : сварете појак чај, оставете го да стане млак, натопете го пешкирот, ставете го на стомак и држете го додека не се олади. Повторете ја постапката додека не почувствувате олеснување.

Благотворна смеса

Коријандерот содржи етерично масло кое потпомага на создавање на желудочни сокови и ги смирува стомачните грчеви, со што го поттикнува исфрлањето на гасови, босилекот ја одржува рамнотежата во цревната флора, а нането го опушта желудникот и цревата, ги намалува грчевите и мачнината, како и да ги стимулира желудочните сокови. Ако немате време за спремање на чајот, можете да си понесете со себе кесичка семки од ким и да си грицкате додека не почувствувате олеснување.

Тинктури за прва помош

Доколку сте склони кон стомачни проблеми, направете тинктура која секогаш ќе ви биде при рака, а во случај на проблеми ќе имате исклучително брзо и поволно дејство.

Од маточникот : 20 гр. свежо исушени листови прелијте ги со децилитар 70 % алкохол и оставете да одстои четири недели. Да се зема по 20-30 капки на ден.

Од ѓумбир : 200 гр. корен прелијте го со литар 60 % алкохол и оставете го да одстои 21 ден на топло и темно место. Се зема по 10-20 капки пред оброк.