Дали вода пред или по оброк?

Водата, како и другите течности, не се препорачува да се консумираaт во текот на оброкот, или барем да не се консумира во големи количини, бидејќи пиењето на вода додека јадете го попречува процесот на варење на храната.

Од ладните води најприфатлива е млаката вода, бидејќи таа има најмало влијание при процесот на варење на храната.

Обратете внимание на жедта пред оброкот. Консумирајте доволно количество вода или други течности како чај, лимонада или свежо исцеден сок, се со цел да не бидете жедни кога почнувате со јадење.

Препорачано е дневно да се внесува од 6 до 8 чаши вода или 1,5 до 2 литри. Сепак, колку помалку сол има во храната, толку помалку ќе чувствувате потреба од течности. Газираните сокови, кафето и алкохолот делуваат како диуретици, така што никако не може било кој од овие пијалаци да го пресметувате како замена за вода.