Кралски полнети компири … брзо… лесно… вкусно…

Состојки:

Големи компири
Рендан кашкавал
Јајца
Сланина исечена на ситни коцкички
Путер
Зелениот дел од млад кромид
Сол и бибер

5486_300514200429829_802x802

Начин на подготовка:

За да ги направите овие вкусни бродчиња од компир, прво треба да ги испечете компирите. Потоа пресечете ги на половина и извадете дел од внатрешноста.

Намачкајте ја вдлабнатата површина со путер и ставете рендан кашкавал. Потоа додадете сланина и по едно јајце во секоја половина. Зачинете со сол и бибер. На крај наросете уште малку кашкавал и зелени ситни парчиња кромид. Печете во рерна додека да се зготват јајцата и не се стопи кашкавалот.