Потребни состојки:
250g брашно (тип 400)
60g маргарин
1 шолја кисело млеко
1 кесичка прашок за печиво
1 јајце
Сусам по желба
Подготовка:
Измешајте го брашното со прашокот за печиво, додадете го маргаринот и месете го тестото додека не добиете хомогена смеса.
Додадете го киселото млеко и повторно месете го тестото.
Оставете го на топло да мирува половина час, а потоа растегнете го тестото да биде дебело околу 2cm и со чаша направете погачи.
Во тава ставете масна хартија и наредете ги погачите. Премачкајте ги со жолчката од јајцето, напрскајте ги со сусам по желба и ставете ги во загреана рерна на 180 степени.
Печете ги 20-на минути сè додека не заруменат.