Лимон
Го неутрализира дејствувањето на отровните материјали, го олеснува варењето и го забрзува разградувањето на маснотиите, па затоа се користи за детоксикација на организмот и слабеење.
Корисна е помошта во терапијата на респираторните инфекции, а истовремено и го зајакнува организмот.
Јачмен
Во својот состав има 35 % незаситени масни киселини кои го намалуваат нивото на холестерол во крвта.
Како што се вари, така и го помага разградувањето на насобраните протеини и масти од животинско потекло.
Боб
Богат е со растворливи растителни влакна и ја подобрува работата на цревата, а освен тоа го регулира нивото на шеќер и холестеролот во крвта.
Содржи амино-киселини, многу важни за болните од Паркинсоновата болест.
Освен витаминот А, Б групата и К, изобилува со фосфор, железо и калиум.
Нане
Содржи во изобилство етерични масла и има анти-воспалително дејство, па затоа се препорачува во терапија кај болните од дишните патишта и кожата.
Го помага варењето на зачинета и мрсна храна, го зајакнува апетитот, ги ублажува менструалните болки, климактеричните проблеми и мачнини.
Бамја
Младите плодови имаат изразени антиоксидантни и анти-воспалителни својства.
Го подобрува варењето и работењето на цревата, го забрзува метаболизмот и благодарејќи на големото количество слуз, поволно делува на слузокожниот орган за варење во случај на гастритис, чир и воспаление на цревата.
Лен
Семето од лен содржи лигнин, состојка која ја поттиснува активноста на женскиот полов хормон – естроген, со што се намалува ризикот од рак на дојка или јајници.
Го намалува нивото на „лошиот“ холестерол.
Лененото семе е одличен лаксатив, а не создава навика или пак ги оштетува цревата.
