Домашната верзија од чоколадниот крем може да ја подготвите сосема лесно, а од вкусот ќе бидете навистина воодушевени.
Состојки:
● 400гр исецкано млечно чоколадо
● 50гр црно чоколадо
● 1 шолја печени лешници без лушпа
● 4 лажици маслиново или кокосово масло
● 4 лажици шеќер во прав
● 1 лажица какао
● 1 мала лажичка екстракт од ванила
Подготовка:
Парчињата од чоколадо ставете ги во сад и стопете ги на пареа мешајќи сè додека потполно не се стопат. Кога ќе се растопат, оставете ја смесата малку да се излади.
Лешниците кои што претходно сте ги препекле и излупиле, ситно сомелете ги во мелница за кафе. Би требало да бидат колку што е можно поситни, а ако имате процесор за храна, може да ги сомелете сè додека да добиете фин крем од лешници.
Во блендер додадете го сомелените лешници, стопеното чоколадо, маслото, шеќерот, какаото и ванилата и повторно измешајте. Во овој случај може да искористите и стапчест пасатор.
Подготвениот намаз ставете го во тегла и оставете го да се излади, а потоа чувајте го во фрижидер. Иако веројатно и нема долго да ви потрае…