Крцкави компири со палента

Состојки:

1,5 кг. компири
3 лажици маслиново масло
100 гр. палента

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Компирите исечете ги на крупни парчиња и варете ги во зовриена посолена вода додека не омекнат. Процедете ги и оставете ги да се исушат.
Во тава за печење додадете го маслиновото масло, компирите, палентата и сол и убаво промешајте. Распоредете ги во еден слој и печете околу 30тина минути.