Огнена храна за совршена предигра со партнерот

Зачини: чили, кари и сите оние зачини кои се поттикнувачи на потењето, се верува дека даваат ефект на зголемување на сексуалната желба. Размислете за тоа бидејќи зачинетата храна ни го зголемува чукањето на срцето и предизвикува потење. Затоа, подгответе пилешко со кари и уживајте во зачинетиот секс.

Остриги: можеби сте зачудени што ги гледате на листата, но ако не сте знаеле, остригите се употребувани како секс помагала со векови. Тие се многу богати со цинк и луѓето ги јаделе за да се подобри нивното севкупно здравје, а тоа ќе доведе и до зголемување на сексуалниот нагон.

Кавијар: рибините јајца содржат многу витамини, фосфор и ги негуваат нервните клетки. Нивната афродизијачка моќ дополнете ја со чашка водка за апсолутно уживање.

Ванила: поради својот сладок мирис има еуфоричен ефект и влијае на сексуалната мрзеливост и унапредување на централниот нервен систем. Само неколку капки во вашата бања и препуштете се на сензуалното расположение во спалната соба.

Мошус: верувале или не, многу експерти го делат мислењето дека мирисот на мошус наликува на мирисот на тестотерон т.е. машкиот хормон. Не мора да значи дека на секоја жена и се допаѓа тој мирис, но сепак вреди да се проба.