Зголемете ја плодноста со правилна исхрана

Сите лица кои планираат да забременат им се препорачува да го подготват телото за оваа состојба, и да применат специјална диета пред и барем во првите неколку недели од бременоста.

Плодноста се зголемува главно со храна која е богата со витамин Б5, кој се наоѓа во печурките, мешунките, лососот, интегралниот ориз и цитрусното овошје.

Многу е важен и витаминот Б 12 кој се наоѓа во храна од животинско потекло.

Драгоцени производи за двата пола се: мед, полен, матичен млеч, бадеми и ореви.

За создавањето на полови хормони е потребен минералот манган кој го има во ананасот, целерот, оревите и зелениот лиснат зеленчук.