Зошто треба да користите исклучиво Хелиран Калциум

Зошто хелиран калциум?

Калциумот е минерал кој има важно значење за човековиот организам. Учествува во бројни процеси, од функционални до структурални. Но, најголемиот дел од количеството калциум, дури 99% е сместен во коските и забите. Сепак, на организмот му е потребен калциум за метаболитички процеси. Па така, кога нема доволна количина во телото, организмот посегнува по калциумот во коските, а со самото тоа ги ослабува. Затоа, вистинското количество калциум во крвта е од клучно значење за здрави и цврсти коски.

Хелирањето значи врзување на калциумот со аминокиселини, па формираат прстен кој човековиот организам го препознава како храна, па полесно го апсорбира.

Калциумот игра важна улога во човековиот организам. Неопходен е за функционирање на нервите, клетките, мускулите и коските.

За што се користи калциумот?

Калциумот претежно се користи како суплемент бидејќи е невозможно да се снабди огранизмот со потребната количина преку исхраната.

ОСТЕОПОРОЗА: Остеопорозата е состојба чии главни предизвикувачи може да бидат староста, менопауза, пушење, одредени лекови. Болеста е позастапена кај жените, отколку кај мажите. Остеопорозата подразбира ослабување на коските, а со тоа и зголемен ризик на скршеници, пукнатини и сериозни повреди. До остеопороза доаѓа поради недостаток на калциум кој е потребен за други процеси во организмот, па телото го зема од коските, а тие слабеат. Внесување на дополнителна количина хелиран калциум помага да ги зачувате коските цврсти и паралелно одвивање на метаболитички процеси.

РАХИТИС: Состојба која се јавува кај деца или новороденчиња. Главна причина за појава е недостаток на витамин Д, кој пак е клучен за метаболизамот на калциум во организмот, односно складирање на калциумот во коските. Рахитисот се карактеризира со слаби коски и спор раст и развој, а внесувањето на калциум ја враќа во оптимална состојба густината на коските и користењето на витаминот Д во организмот.

ПМС: Истражувања покажуваат дека дневната консумација на калциум ги намалува симптомите на менструалниот циклус како промени во расположението, дуење, потреба за одредена храна и болка.

ХИПЕРКАЛЕМИЈА: Хиперкалемија е состојба на зголемено ниво на калиум во крвта која може да резултира со уништување на црвените крвни зрнца, уништување на мускулните влакна, изгореници и трауми на ткивата,појава на дијабетес. Затоа, „противотровот“ на калиумот е токму калциумот кој создава баланс во организмот.

БОЛЕСТИ НА БУБРЕЗИТЕ: Нарушувањата на работата на бубрезите настанува поради високо ниво на фосфати. Повторно, калциумот го враќа балансот и ја подобрува работата на бубрезите.

ХИПЕРПАРАТИРОИДИЗАМ: Зголемено излачувања на хормони на тироидната жлезда кои влијаат и на работата на бубрезите. Хелираниот калциум ќе помогне за контрола на работата на хормоните.

ГРЧЕЊЕ НА МУСКУЛИТЕ: Состојба која е забележана кај поголемиот дел од луѓето. Грчењето на мускулите се случува под коленото, рацете и абдоменот. Има разни причини за појава на грчеви во мускулите, меѓутоа кај бремените жени секогаш е резултат на недостаток на калциум.

Колку калциум е доволно калциум?

Kоличината на калциум којашто треба да ја консумирате се менува во различни стадиуми од нашиот живот. З
адолжителните количини на калциум се високи за време на тинејџерските години кога скелетот расте многу брзо, а во текот на тој период ефикасноста на нашето тело да го апсорбира калциумот од храната се зголемува.
Сепак, со стареењето, таквата ефикасност за апсорбирање се намалува, што е една од причините зошто постарите лица треба исто така да внесуваат и поголеми количини на калциум.