При креирање на оваа диета, д-р Хај се водел од начела на правилно комбинирање на храна што за него претставува клуч на превенција за болести на срцето и крвните жили.
Самата диета се темели на верување дека не смеат да се комбинираат заедно производи кои имаат алкална реакција и производи со кисела реакција.
Тоа било иницијален модел за прехрана, а подоцна бил превземен како метод за слабеење. Д-р Хај ги поделил производите во неколку групи : алкални производи, кисели и неутрални, а треба да внимаваме на нивното комбинирање.
Како што е порано наведено, производите кои имаат алкална реакција и оние со кисела реакција, не би смеело да се консумираат заедно.
Комбинацијата на состојки го стимулира процесот на варењето на храната и ги спречува негативните последици што одредени комбинации на храна би ги имале на ензимите за варење, бидејќи би дошло до несакани промени на pH-вредности во дигестивниот систем.
Група А содржи производи богати со протеини кои се главно од животинско потекло.
Тука спаѓаат сите видови на месо, живина, риба и морски плодови, сирења, јајца, млеко и млечни производи (кисело млеко, јогурт, кефир, како и соја и производи од соја богати со протеини, но и од растително потекло).
Групата Б ја сочинуваат повеќето зеленчуци, семки од сусам, тиква и сончоглед, јаткасти плодови како орев, лешник и бадем, како и маслиново масло.
Во групата Ц се наоѓаат производи богати со јаглехидрати кои се однесуваат на житарки како јачмен, ’рж, ориз, просо и пченка, мешункасти како леќа, наут, грав како и шеќер. Оваа група ги содржи и сите преработки од житарки, брашно, тестенини, теста за пица, крекери, кекс и слатки.
Немојте да комбинирате протеини и јаглехидрати
За полесно и поедноставно да ги следите насоките на диетата, д-р Хај ги поделил производите во групи со тоа што оние од групата А никако не би смеело да се комбинираат со производите од групата Ц.
[rpi]
Препорачува кохезија на производи од групата А и Б, како и оние од групите Б и Ц. Значи, производите од групата Б добро одат со сите, а со нивното комбинирање не треба да се плашите.
Групата Б содржи првенствено зеленчук кој е пожелно да се јаде со секое главно јадење. Иако често ги наоѓаме во нашата чинија, како прилог, на пр. на риба може да се најде компирот. Тој всушност тоа не би смеело да се внесе со таа комбинација. Вистински прилог за риба би бил зеленчук, на пр. бритва.
Д-р Хај препорачува никогаш да не земате заедно производи богати со јаглехидрати и оние богати со протеини, туку на пр. за ручек да се зема производ од групата Ц (богати со јаглехидрати) и производи од групата Б (зеленчук), а за вечера истиот ден да се внесат производи од групата А (богати со протеини) и производи од групата Б (зеленчук).
Добриот сооднос на протеини и зеленчук претставува мисиркино месо и салата, риба и бритва, говедско месо без масти и лиснат зеленчук, а складни комбинации на производи богати со јаглехидрати и зеленчук се ориз и ѓувеч, компир и бритва, вариво без месо од кељ и леб. Има многу такви вкусни и хранливи комбинации.
Веќе доволно спомнавме колку е важно правилното комбинирање на храната, меѓутоа освен тоа од исклучителна важност е и внесот на квалитетни производи, како интегрални житарки, разно овошје и зеленчук, јаткасти плодови и семки богати со незаситени масни киселини.
Водете сметка од месо да консумирате само безмасно месо и живина за да го намалите високиот внес на заситени масти. Овошјето во принцип јадете го одвоено, како посебен оброк, а одлично е да го започнете денот со некое свежо овошје, па така уште од изутрина да го наградите организмот со бројни витамини.
Пример на мени
Појадок : јаболка, парче леб со намаз од целер
Ручек : печено пилешко месо и печен зеленчук (морков, тиквички, домати, кромид)
Вечера : варен компир и кељ зачинети со маслиново масло и лук
Многу е важно да се намали дневното внесување на калории, бидејќи доколку сакате да ослабете, а не само да ги смените прехранбените навики, нема да ги имате посакуваните резултати доколку и енергетскиот внес не се намали.
Диетата на д-р Хај заговара промена на прехранбените навики и внесување на квалитетни производи, како и нивна правилна комбинација. Важни производи претставуваат различниот зеленчук и интегрални житарки, па затоа се советува внесување на зеленчук со речиси секој оброк кој е во склад со препораките на сите водечки светски нутриционисти.
Исхраната темелена на оваа диета е богата со прехранбени влакна кои позитивно делуваат на процесот на варење и намалување на масти во крвта. Доколку диетата ја спроведувате можете значително да придонесете за превенција на појава на болести на срцето и крвните жили, како и настанување на дијабетес.
