Луѓе кои само седат на работа би морале да стојат барем два часа

Лошо за здравјето: Околу 60 отсто од луѓето денот го поминуваат во седење, а тоа може да доведе до срцеви проблеми, дебелина, рак или дијабетес од типот 2, предупредуваат докторите.

Луѓето кои работат во канцеларии, односно целиот ден го поминуваат седејќи, би требало на нозе да поминат барем два часа дневно, додека идеално би било 4 часа. Околу 60 отсто од луѓето го поминуваат денот седејќи, а тоа може да доведе до срцеви заболувања, дебелина, рак и дијабетес од типот 2.

[rpi]

Освен тоа, поради премногу седење настануваат проблеми во грбот, вратот и мускулите. Еднакво штетно може да биде константното стоење на едно место. Експертите сметаат дека канцелариите мора да имаат високи столици за да можат вработените делот од работата да можат да ја вршат на нозе. Добро е исто така, повремено да се станува и да се прошета по канцеларијата.

„Добро е да се биде активен поради физичко и ментално здравје. На едноставните навики треба да се прекинат долгите периоди на седење, а тоа може да направи голема разлика во тоа како се чувствуваме“, објаснува д-р Ен Хоскинс.