Како при купување да препознаете неудобни штикли?

Еден од најважните совети е дека високите потпетици се купуваат навечер, бидејќи тогаш стапалото е раширено и ќе имате вистинско чувство кој број потпетици треба да купите и да ги избегнете плускавците.

Секоја жена ќе признае дека се нашла многу пати во ситуација да посака да ги фрли омилените чевли на високи потпетици. Причините за тоа се непријатноста, стеснето стапало, болна пета, отечени прсти, а сето тоа е од иста причина – погрешно избран модел.

Научете како да ги препознаете и избегнете непријатните чевли со потпетици со помош на овие 5 совети.

Пазете на калапот

Голем број на производители на чевли кои користат поевтини материјали со помош на тврдо сечени облоги над петата имаат на изглед елегантен и цврст облик. Но, токму тие тврди облоги предизвикуваат плускавци, па кога избирате нови потпетици бидете сигурни за материјалот од кој се направени и избегнувајте ги синтетичките материјали. Единствено вистинската кожа по неколку носења се обликува на вашето стапало.

Купувајте чевли со високи потпетици на крајот на денот

Познато е дека стапалото се шири во текот на денот, поради напорот на кој е изложено, без оглед на тоа дали поголемиот дел од времето стоите или седите. Затоа е најдобро да се обидете чевлите со високи потпетици да ги пробате во вечерните часови – само на овој начин можете да имате реално чувство за број и моделот кој одговара на вашата нога.

Избегне додатно покачен ѓон

Чевлите кои предизвикуваат болка во браздата или сводот на ногата можете да забележите доколку средината на чевлите е премногу покачена кон петата. Таквите чевли не овозможуваат доволна поддршка за средината на стапалата, бидејќи тежината на телото не може рамномерно да се распореди, па така сета болка паѓа на прстите. Решение се потпетици до осум сантиметри или чевли со полна пета кои можат да бидат многу елегантни.

Внимавајте на стабилноста на потпетиците

Цврстите, метални врски, кои ја прават петата цврста и ја држат на место ги немаат сите чевли со потпетици. Значи, пред да одлучите да ги купите, прошетајте се во новиот модел во продавницата, за да се уверите дека петата нема да се измести од центарот. Доколку стапалото нема цврста потпора, станува нестабилно и шета, што предизвикува плускавци и болки во петата.

Тестирајте ја големината на вашите потпетици со прстот

Жените често купуваат премногу мали чевли во надеж дека со тек на времето ќе се развлечат, но таквите чевли обично се осудени на пропаст. Кога испробувате болната грешка може да ја избегнете само ако го ставите прстот помеѓу петите и чевлите – тој слободен простор е потребен за слободно движење на ногата.