Најлесната работа на светот е да се испржат јајца, нели? Сепак, за совршени пржени јајца треба да се применуваат неколку трикови. Прво, ќе ви треба тава која не лепи и рингла загреана на средна температура. Можете исто така, да додадете и неколку капки вода, како и да ја покриете тавата за време на пржењето на јајцата.
Постои решение и за совршен круг, а всушност е многу едноставно. Едноставно, пржете ги јајцата во кругови од кромид, и тие веднаш може да се стават во сендвич. Нема да се „истури“ и ќе биде доволно цврсто.
И проверено успева, секогаш! Не само што јајцето е цврсто, туку, исто така, може лесно да се преврти, ако сакате.
Јајцата може да се пржат со пиперки, виршли или колбаси, бидете креативни и разубавете го едноставниот појадок.