Цвеклото е познато по своите анти-канцерогени соединенија и каротеноиди, богат е извор на фолна киселина, содржи мнозинство од потребните минерали, ја лекува слабокрвноста, го намалува нивото на лошиот холестерол…
Цвеклото, кое го нарекуваат и “крал од земјата” е прехрамбен продукт кој треба да се конзумира секој ден. Според своите карактеристики цвеклото е еден од најхранливите прехрамбени продукти кои можете секојдневно да ги конзумирате. Освен што е познат по своите анти-канцерогени материи и каротеноиди, цвеклото е богат извор на фолна киселина и антиоксиданси на кои го заштитуваат ораганизмот од предвременото стареење.
Богато е со микроелементи како што се јодот, бакарот, селенот и ванадиумот, а од исклучително потребните минерали содржи калиум, натриум, фосфор, калциум, магнезиум и железо.
Цвеклото се користи и за чистење на организмот од отровите и преставува најдобар природен лек при лечењето на слабокрвноста. Освен тоа, цвеклото е богато со бетанин и бетаин што е особено важно за крвните садови, функцијата на црниот дроб и жолчката, регулирањето на крвниот притисок и намалувањето на холестеролот дури и до 40 проценти. Растителната боја антоцијан го спречува растот на туморни клетки, така што цвеклото е одлично за заштита од рендгенско и радиоактивно зрачење и се користи како лек при лекувањето на последиците од овие зрачења.
Иако цвеклото може да се конзумира и варено, сепак најдобро е да се јаде сирово, но најдобро е да се пие сок од цвекло кој е многу едноставен за подготовка.
Потребно е само да го испасирате цвеклото на кое по желба можете да му додадете морков, јаболко, лимон … за ваша дневна доза здравје .